ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ НОВИТЕ ДОЗИ НА ФАЈЗЕР: Од денес ќе се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години
Објавено во: Македонија 15 Април, 2021
Додека за неколку дена се очекува пристигнувањето на 10 000 дози вакцини од Фајзер, во земјава продолжува вакцинацијата.
Од денес ќе се вакцинираат граѓани кои се пријавиле преку матичните лекари или преку сајтот за вакцинација а имаат 74 и 73 години.
Како што ќе пристигнуваат вакцините, така ќе се надополнува системот за вакцинирање, кажа министерот Филипче.
Имено, во однос на новозаболени е регистриран благ пад во бројките.
Филипче кажа и дека дневно сега се вакцинираат од 1000 до 1500 граѓани.