18 Мај, 2024
0.0311

ДОБРО РАЗРАБОТЕН ПЛАН: Ограбувачот во НЛБ банка парите ги крадел неколку дена

Објавено во: Македонија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Најновите детали кои МВР ги обелодени а се поврзани со веста за кражбата на деценијата која ја слушна вчера македонската, па и јавноста од регионот покажуваат дека вработениот трезорист дејствувал сам и бил свесен за делото кое што го врши.

Мотивот не е познат зошто еден нормален човек решил да се запише во историјата на најголемите кражби но информациите велат дека парите ги крадел неколку дена.

Функцијата која ја имал ограбувачот е трезорист во Служба за трезорско работење (работа со готовина и депо во НЛБ Тутунска банка АД Скопје).

Како се одвивал неговиот план?

Наишол на згодна прилика и познавајки го процесот на работа, во време кога во трезорот имало намалена френкфеција на вработени лица, незабележан од никого во периодот 06.04 до 10.04.2017 година присвоил за себе 2.400.000 швајцарски франци и 645.000 евра.

Истрагата на надлежните покажала дека првиот износ го затаил од пратка на износ од 1.000.000 швајцарски франци на тој начин што од вкупниот износ пред испраќање на средствата по авионски пат, извадил едно врзопче со 100 банкноти во апоени од 1.000 швајцарски франци (100.000 франци) кои ги присвоил за себе.

Вториот износ го затаил искористувајќи погодна прилика при што незабележан од никого во неколку наврати првично противправно присвоил 375.000 евра готовински парични средства од трезор, а потоа и 300.000 швајцарски франци кои му биле доверени согласно работните задолженија во НЛБ Тутунска банка.

Во понеделникот, трезористот се соочил со фактот дека е невозможно да изврши раздолжување со настанатиот кусок на парични средства присвоени од негова страна, па свесно извршил дополнително присвојување на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра од девизниот трезор.

Потоа парите незабележано ги ставил во украсна кеса и околу 13 часот без да го види некој ја напуштил НЛБ банка и исчезнал.

40 годишниот татко на две малолетни деца доби притвор од 30 дена. 


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?