19 Мај, 2024
0.0266

ДОБРО ИМ ОДИ: Профитите на македонските банки пораснаа за 47 отсто до 75,4 милиони евра! 

Објавено во: Финансии 11 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Паднаа каматите на кредити, но потонаа тие на депозити! Тоа е тајната на успехот! Токму ова го зголеми профитот на индустријата за 24,2 милиони евра. Големата четворка заедно стигна до профит од 51,2 милиони евра, а само „Стопанска банка Скопје„ има добивка над 31 милиони евра Македонскиот банкарски сектор лани остварил профит од 75,4 милиони евра. Распределбата на добивка не е рамномерна меѓу 15 банки на домашниот пазар од кои 14 се целосно приватни и една , наменета за поддршка за извозот е целосно државна банка. Така големите четири банки имаат добивка од 59,7 милиони евра. Другите 11 банки, средни и мали, имаат вкупно добивка од 15,7 милиони евра. Кај „тешкашите“ неколку години наназад најдобитна е „Стопанска банка Скопје“ која лани имаше нето добивка од 31,12 милиони евра, а тоа е над 41 отсто од целата нето добивка остварена во 2015 година. Втора на листата е „НЛБ Тутунска банка“ со добивка од 13,58 милиони евра. На трето место во лигата на „тешкашите“ е „Комерцијална банка со добивка од 8,25 милиони евра. Четвртата по големина банка на домашниот пазар е „Охридска банка“, која е најмалиот член на големата четворка, и нејзината добивка лани е 6,7 милиони евра. Според официјалните податоци на централната банка, достапни и во годишниот извештај на „НЛБ Тутунска банка“ за лани заклучно со 31.12.2015 година банкарскиот сектор оствари добивка од 4.64 милијарди денари (75,4 милиони евра). Добивката на банките пораснала за 24,2 милиони евра во однос на 2014 година кога профитот агрегатно изнесувал 3.15 милијарди денари (51,2 милиони евра). Подобрувањето на профитабилноста се должи на повеќекратни надолни корекции на каматните стапки кај депозитите во текот на годината што резултираше со пониски каматни расходи кај банките, како и поради пониски исправки на вредноста на финансиските средства, ова е објаснување во годишниот извештај за 2015 година дадено од стручните лица на една од најголемите три домашни банки. Резултатот на банкарскиот сектор го објаснуваат вака: каматните приходи, во однос на претходната година (2014 н.з.) се повисоки за 262,3 милиони денари (4,3 милиони евра) или 1,3 отсто.  Каматните расходи се пониски за 1,53 милијарди денари (24,9 милиони евра) или за 21,5 отсто. Кај групата големи банки состојбата е следна: заклучно со 31.12.2015 година групата големи банки оствари добивка од 3.67 милијарди денари  (59,7 милиони евра) или за 18,9 милиони евра повеќе во однос на 2014 година кога беше остварена добивка од 2.51 милијарди денари (40,9 милиони евра). Порастот на профитабилноста во најголем дел се должи на повисоките остварени нето приходи од камати кои допринесоа за остварување на доволно нето приходи од работењето за остварување пораст на нето добивката. Лани учеството на големите банки се намали за 1 отсто до ниво од 67,1 отсто од целиот банкрски пазар во земјава. Од достапните податоци на сајтот на Македонската берза може да се видат добивките за горенаведените четири банки и за ТТК Банка (добивка од 0,62 милиони евра), УНИ Банка (добивка од 1,32 милиони евра) , Стопанска банка Битола (добивка од 0,13 милиони евра) и за Централна кооперативна банка (загуба од 0,78 милиони евра). За останатите банки: Прокредит, Алфа банка, Еуростандард банка, Халк банка, Капитал банка и за Шпаркасе се уште нема официјални достапни податоци за добивката во 2015 година затоа што на нивните интернет страници не се објавени извештаите за 2015 година. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат