18 Мај, 2024
0.0260

Дали „Гудис“ е замената за Мекдоналдс во Македонија?

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Грчките ресторани за брза храна „Гудис“ доаѓаат во Скопје, пишува Утрински весник. Првиот ресторан на „Гудис“, според неофицијални информации, се очекува да се отвори во „Веро центар“ во декември. „Гудис“ ќе функционира на принцип на франшиза, а како што неофицијално се дознава одговорна компанија за доделување на франшизите ќе биде „Веропулос“ ДООЕЛ Скопје. Отворањето ресторани во Скопје пред неколку дена за грчките медиуми индиректно го најави Тасос Папаниколау, извршен директор на групацијата „Вивартија“, под чија капа работи „Гудис“. Како што изјави Папаниколау, до крајот на годинава е планирано да почнат со работа 22 ресторана во странство, односно во Македонија, Кипар, Албанија, Бугарија, Унгарија, Романија и во Белорусија. На мапата на компанијата за иднина се позиционирани и Црна Гора, Косово, Либија, Украина и Казахстан. Проширувањето на грчкиот и на странскиот пазар, според Папаниколау, во моментов е главна цел на компанијата. Грчкиот ресторан за брза храна е основан во 1975 година во Солун и до денес важи за еден од водечките синџири за брза храна во Грција, со над 130 ресторани во Грција, а има и два на Кипар и еден во Тирана. „Гудис“, иако успеа на грчкиот пазар да го „победи“ „Мекдоналдс“, сепак, не е имун на грчката економска криза. Според податоците, компанијата во 2012 година имала загуба од над 62 милиона евра во споредба со 2011 година, кога загубите биле околу 19 милиони евра. Бруто-профитот на компанијата во 2012 година бил 96 милиони евра, додека, пак, во 2011 профитот бил 132 милиони евра. Опаѓањето на профитот започнува од 2010 година паралелно со грчката криза. На „Гудис“ и на голем број други угостителски објекти не им помогна ни поскапувањето поради порастот на ДДВ-то на 23 отсто. Рестораните на Мекдоналдс, ширум Македонија, неодамна ставија клуч на врата, поради тоа што бизнисменот Светозар Јаневски ја изгуби франшизата, а стотици вработени останаа дома.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата