Добивала закани затоа што го поддржува Договорот од Преспа
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2019
Грчката министерка за туризам, Елена Кундура вели дека имала закани затоа што го поддржува Договорот од Преспа.
„Затвораме рани на нашата северна граница и отвораме нови перспективи во нашите билатерални односи со надеж за заеднички европска иднина“, порача министерката за туризам на Грција, Елена Кундура од грчкиот Парламент за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа и истакна дека со решението ја зајакнува улогата на Грција на Балканот и ќе донесе стабилност и мир во поширокиот регион“, јави дописничката на МИА од Атина.
Кундура која до неодамна беше дел од Независни Грци, но по дадената поддршка на време на гласањето доверба на владата беше исклучена од пратеничката група, рече дека денеска, „позитивниот глас е вистинската патриотска позиција, а тоа е долг кон татковината и идните генерации“.