ДОБАР СУМ, ИГРАЈТЕ СО СРЦЕ: Ериксен се јави од болница
Објавено во: Свет 15 Јуни, 2021
Добар сум, со оглед на околностите, напиша од болница данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој во саботата за време на натпревар на Европското првенство во фудбал остана да лежи на теренот, безживотно, но лекарите успеаја да го вратат. Денеска од болничкиот кревет објави емотивна порака на инстаграм. Се заблагодарува за поддршката и бара фудбалерите да играат со цело срце за Данска.
„Поздрав до сите. Ви благодарам на прекрасните пораки за поддршка од целиот свет. Тоа многу ми значи мене и на моето семејство. Добар сум, со оглед на околностите. Сè уште сум во болница и мора да се направат детални контроли, но добро се чувствувам. Во наредните натпревари ќе навивам за репрезентацијата. Играјте за цела Данска. Се најдобро.
Пред самиот крај од првото полувреме, данскиот репрезентативец падна на теренот, по што еден од соиграчите сигнализираше дека Ериксен е во бесознание.
Се тврди дека клучен во спасувањето е соиграчот Симон Кјаер кој го извади јазикот на Ериксен и го постави на вистинската позиција
Во преносот во живо можеше да се види како останатите соиграчи стојат околу Ериксен за камерите да не снимаат што се случува, бидејќи во еден момент можеше да се види како лекарите го оживуваат данскиот играч.