29 Април, 2024
0.0327

До 100 евра:Патриотски часовници за Срби, Хрвати, Црногорци; За Македонците во најава!

Објавено во: Стил 27 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Швајцарска фирма успешно продава на Срби, Хрвати и Црногорци по светот часовници со патриотски „детал“ во дизајнот, пишува денеска весникот „Блиц“. За цена од 79 до 89 евра и трошоци за испорака, заинтересираните клиенти ќе можат да добијат еден од трите часовници, за кои фирмата вели во рекламата  „невидена убавина и апсолутен уникат“.

Хрватскиот часовник е најпровокативен. Го носи ликот на генералот Анте Готовина и има текст „Анте Готовина, херој на Татковинската војна“. Цената на часовникот е 79 евра.

На српскиот часовник се наоѓа српскиот грб и текст „Само слога ги спасува Србите “, а чини колку и хрватскиот, 79 евра, пишува весникот, додека црногорскиот часовник е поскп за 10 евра(89 евра), затоа што има со поголеми димензии. Како што пренесува Блиц, сопственикот на компанијата кој сака да остане анонимен, вели дека  овие не се единствените часовници, туку имаат во план да прават и турски, босански, руски, курдски, полски, зависно од интересот. Национализмот се исплати, вели сопственикот на швајцарската фирма, имаку жител од поранешна Југославија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти