18 Мај, 2024
0.0283

Дистрикт бар и ресторан посветува вечер на совршена комбинација на храна со вина од Винарија Тиквеш

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во потрага по вистинското вино за соодветниот специјалитет, Дистрикт бар и ресторан организира втора вечер на спарување вино и храна, Winemaker dinner series. Втората вечер на гастрономско уживање ќе се одржи на 11ти април (четврток) со почеток во 20.30 часот. Во светот на извонредните вкусови и уникатните специјалитети, гостите ќе ги предводи Кирил Ставрев, Главниот шеф во Дистрикт, а за моќта на виното да ги поттикне вкусовите на храната, тајните ќе ги откријат енолозите од винарија Тиквеш, Марко Стојаковиќ, Александра Ристова и Никола Кузмановски.

Целта на организирање на ваквите вечери е да се упатат уживателите во тајните на изборот на соодветното вино и на кој начин виното влијае на вкусот на храната и обратно. За таа цел, Главниот шеф Ставрев подготви специјално мени составено од шест специјалитети од различни светски кујни, кои одговараат на вкусовите, сортата и типот на селектираните вина од винарија Тиквеш во консултација со енолозите.

„И храната и виното го нудат најголемото гастрономско уживање, секое посебно, но врвното уживање доаѓа кога ќе бидат споени вистинската храна со соодветното вино. Можеме да уживаме и да се предадеме на вкусот на едното или на другото, можеме дури и да уживаме во среќно избран пар, но додека не ги дознаеме техниките и тајните што се кријат зад парот, не знаеме колку многу пропуштаме. Комбинирањето вино со храна, има моќ да ги истакне, отвори и поттикне вкусовите, затоа треба да знаеме како да го најдеме соодветниот пар на храна и вино“, вели Кирил Ставрев, главен шеф во Дистрикт.

Соодветно на шесте специјалитети влезени во менито, енолозите од Винарија Тиквеш избраа шест вина од нивното Premiumпортфолио, чии карактеристики совршено се совпаѓаат со вкусовите на храната.

Заради ограничениот број на места, заинтересираните потребно е да резервираат на телефонскиот број 071 238 522.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата