ДИРЕКТОРОТ ПОКРЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ВОЗАЧОТ - ЈП Национални шуми го признаа инцидентот со злоупотреба на службено возило
Објавено во: Македонија 06 Април, 2024
Од ЈП Национални шуми го признаваат инцидентот во кој нивно возило се користеше за снабдување со стока на кафеана. За возачот има дисциплинска постапка.
Службено возило на Јавното претпријатие „Национални шуми“ вчера претпладне на ден 05.04.2024г. е фотографирано на улицата „Боемска“ во скопско Дебар маало.
Директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски, e запознаен со случајот и бидејќи станува збор за злоупотреба на службено возило за приватни цели и за Возачот, кој е задолжен со возилото, покрена дисциплинска постапка и ќе биде соодветно казнет.
Ја информираме јавноста дека никакви злоупотреби од страна на вработените во ЈП"Национални шуми" нема да се толерираат и сите неправилности ќе бидат соодветно санкционирани, велат од претпријатието.