Добивај вести на Viber
Џемил Мулиќ, директорот на библиотеката „Доситеј Обрадовиќ“ во Нови Пазар си ја намалил платата за 44.000 динари, за да не им ја намали платата на своите вработени.
„Имав бруто средства кои моравме да ги распоредиме на 30-те вработени во библиотеката. Јас не сакав да му ја намалам платата на другите, туку си ја намалив својата“, рекол Мулиќ за српските медиуми.
Тој платата си ја намалил за 44.000 динари. Директорот вели дека ова се тешки времиња, кои бараат одговорност кон работниците.
Социологот Ратко Божовиќ, како што пренесе Б92, вели дека ова е вистински пример што треба да се следи, бидејќи покажува дека ништо не е загубено. Тој додава дека и дека не е случајно што ваков гест направил човек од библиотека, затоа што тоа е местото каде треба да има книги и мудрост.
„Кога ќе се појави таков човек, полн со несебичност и солидарност за другите, тогаш имаме малку поголема доверба дека не е се изгубено. Ова значи дека постојат луѓе кои се добар пример за тоа дека може и поинаку", вели тој.