29 Април, 2024
0.0259

Димовски: Откако ќе се „исцедат“ нивите ќе се прави проценка на штетите од поплавите

Објавено во: Агробизнис 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Се уште е рано да се каже колкав дел од земјоделските површини уништија поплавите што ја зафатија Македонија.

„Немаме податоци за штетите, многу е краток периодот. Некои површини уште се под вода. Треба да се „исцедат“ по што ќе се прави проценка“ изјави министерот за земјоделство Љупчо Димовски по денешната работилница за финансирање и осигурување во земјоделството.

Тој изрази надеж дека ако не продолжат временските неприлики, земјоделците ќе најдат начин да го обноват производството со оглед дека е почеток на вегетативната сезона.

Минатата година Министерството за земјоделство исчисти 72 километра каналска мрежа, сите каналски правци што беа дефинирани. Оваа година ќе се исчистат уште 110 километри во повеќе региони, како и најкритичните точки главно во Пелагонискиот регион.

Според Димовски, при интензивни врнежи дожд, град, снег, за само 24 часа не може да се апсорбира целата вода, невозможно е да се прифати и дистрибуира во речните корита.

- Во изминатиот период се исчистени над 450 километри каналска мрежа, а има два вида, за наводнување и одводнување. Во источна Македонија канали за одводнување нема. Во случајов, станува збор за нешто што многу ретко се случува, но е голема опомена да се преземат превентивни чекори. Енормна количина вода се собра за многу кратко време што беше надвор од сите очекувања, нагласи министерот

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?