Димовски: Немаше гласање за Законот за советот на јавни обвинители, вратете ги снимките назад
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, и рече дека за законот треба бадентерово мнозинство.
„И самиот Џафери кога најавуваше дека ќе се гласа со апсолутно мнозинство, рече дека треба дополнително бадентер. Ние го забележавме овој пропуст, но чекавме да се распушти Собранието и да ја известиме јавноста“, вели пратеникот.
Од партијата го повикаа претседателот Стево Пендаровски да не го потпише овој закон.
Рече дека Џафери направил хаос, но добро е што ова е крај, затоа што конечно завршило неговото катастрофално претседавање со Собранието.
„Немаше гласање за Законот за советот на јавни обвинители, вратете ги снимките назад, ќе видите, немаше бадентер, овој закон не донесен. Овој неуспешен ден е завршен за хунтата на власта“, рече Димовски.
Собранието попладнево се распушти.