29 Април, 2024
0.0259

Димовски иницира регионален состанок за кризата со млекото

Објавено во: Агробизнис 27 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Организирање состанок на директорите на институциите задолжени за контрола и безбедност на храна во земјите регионот иницираше министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, на средбата со босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи, Мирко Шаровиќ, за време на посетата во Босна и Херцеговина. Според она што го соопшти Министерството за земјоделство од состанокот, треба да се направи процена на ризикот на млекото и сточната храна, како и да се усогласат процедурите за процена на ризик во регионот за да се избегнат ситуации како онаа со афлатоксините. На состанокот, како што информираше министертсвото, освен Шаровиќ присуствуваа и директорот на Управата за ветеринарство Сејад Мачкич, помошник министерот одговорен за земјоделство Душан Нешковиќ, како и директорот на Фитосанитарната управа. Во текот на разговорите беше иницирано потпишување меѓудржавен пртокол за поедноставување на трговијата меѓу двете земји и усогласување на процедурите за увоз-извоз. БиХ последниве две години претседава со ЦЕФТА и двајцата министри дискутираа за последиците за земјите членки на ЦЕФТА од влезот на Хрватска во ЕУ. Министерот Шаровиќ информира дека БиХ се уште не почнала со процесот на формирање платежна агенција, но сепак ги користи ИПА фондовите. Нешковиќ се осврна на успехот на Македонија во креирањето добра земјоделска политика која, како што рече, дава конретни резултати. Според него, за многу кратко време извозот на земјоделски производи достигна пола милијарда евра, а и производството е двапати зголемено. БиХ, рече, сака да го сподели нашето искуство и бара поддршка во делот на воведувањето на европските земјоделски политики. Министерот Димовски изрази подготвеност за помош од македонска страна.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?