18 Мај, 2024
0.0285

Тодор Димитровски, главен маркетинг директор на Bakcell во Азербејџан

Македонецот кој директорува во Азербејџан: Се додека партиските книшки се модел за успех, иселувањето нема да запре

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Од Македонија, преку Романија до Азербејџан – професионалната приказна на Тодор Димитровски го следи овој пат. Прилично е успешна и инспиративна. Димитровски е роден и образован овде, но од 2013 година не работи во Македонија. Моментно е главен маркетинг директор во телекомуникациската компанија Bakcell во Азербејџан, каде живее повеќе од една година. Во земјата која по многу нешта се разликува од нашата е со потесното семејство иако, вели, сепак му недостигаат пријателите од Македонија. Тој е успешен млад човек и не размислува да застане. Такви Македонци има доста – нивните приказни треба да се слушнат. Димитровски својата ја раскажа за Фактор.

„Мојот професионален пат во Македонија водеше низ двете веројатно најразвиени компании фокусирани на маркетингот на сопствените производи и услуги, Пивара Скопје и Т-Мобиле, односно Македонски Телеком. Заради професионално надградување, вообичаено после 3-4 години на една позиција размислувам за следниот професионален предизвик. Некаде во 2012 почнав да размислувам и за надвор, затоа што во тоа време немаше многу опции за менаџерски маркетинг позиции во Македонија кои би биле интересни за мене. Барав нов предизвик повеќе од една година, и во моментот кога секако бев решен да излезам од Телеком, добив понуда за работа во Германија во централата на Deutsche Telekom, а во рок од неколку недели се отвори и опција за во Романија, каде Deutsche Telekom подготвуваше интегрирање на локалниот фиксен и мобилен оператор, нешто слично како во Македонија. Сметав дека позицијата во Романија ќе биде посоодветна за да го продолжам мојот професионален ангажман, особено што таму беше веќе добро познат тим за мене, предводен од поранешниот генерален директор на Македонски Телеком, Николај Бејкерс. И како дел од тој успешен тим во 2017 година мојата следна професионална дестинација беше Азербејџан, на позицијата каде сум сега, како главен маркетинг Директор во Bakcell, ја почнува приказната Димитровски.

Прес со Mads Mikkelsen во Македонија по повод снимањето на филмот "Move On", продукција на Deutsche Telekom


Низ овој пат стекнал доста пријатели и во Романија и во Азербејџан. Но не само поради тоа, вели дека не жали што донел одлука да оди. Трите земји – родната и двете во кои работел се разликуваат доста. Вели Романија е држава со голем потенцијал за раст, кој се зголемил доста по членството на земјата во Европската Унија. Таму има интерес и за инвестиции, но се разбира и проблеми – недоволна понуда на квалификувана работна сила и константно зголемување на цената на трудот, поради зголемено иселување од државата.

„Од друга страна Азербејџан е економија во постојан развој, меѓутоа доста затворена економија што се труди да ги штити домашните производи со високи царини, но и отворена трговија со Турција и поранешните советски републики. Бизнисот е заснован претежно на локални компании, и во огромна мера бизнис климата зависи од цената на нафтата на светските пазари. Македонија е мал пазар, и тоа најмногу го почувствував кога заминав во Романија, десет пати поголем пазар со огромна конкуренција. Според она колку што следам во Македонија се помалку интернационални компании отвараат свои претставништва и бизнисот се контролира од некој регионален центар. Интернационалните бизниси се многу потребни на мала земја како Македонија, особено што придонесуваат и за професионалниот развој на луѓето. Јас имав токму таква можност професионално да се развивам низ интернационалните системи на Heineken, Coca-Cola и Deutsche Telekom, вели Димитровски.

Не ја отфрла можноста да замине и од Азербејџан, но како што вели, тоа најчесто се случува кога најмалку очекувате. Има поддршка од семејството со кое живее таму, со роднините и пријателите комуницара често.

„Се разбира она што најмногу ни недостасува се семејството и многуте пријатели во Македонија. Букурешт беше блиску до Скопје, некогаш дури и за викенд можеше да се замине дома, а често имавме и гости од Македонија. Азербејџан е подалеку и повеќе сме поврзани преку дигиталните технологии. Од друга страна воопшто не ни недостасуваат бесцелните дискусии за политика меѓу луѓето во Македонија и загаденоста на Скопје, вели тој.

Инаку компанијата Bakcell постои 20 години и e првиот мобилен оператор во Азербејџан, локална компанија која во моментов е втор по големина оператор од вкупно три на пазарот. Со оглед на тоа што Димитровски е директор на маркетинг тој е директно одговорен за приходите и за профитот на компанијата.

Effie Awards Romania 2014, Golden Effie награда за кампањата за ребрендинг во 2014

Во 2015 и во 2016 година Азербејџан доживеа тешка економска криза, а вредноста на локалната валута девалвираше повеќе од двојно. Земјата е пред предизвик за значајно заздравување, а Димитровски пред својот, да даде значен удел во компанијата за која е ангажиран.

„Азербејџан беше позитивно изненадување за нас, земја за која не знаевме скоро ништо и со тоа не знаевме што да очекуваме од животот тука. Меѓутоа, Азербејџан постојано се развива, станува интересна дестинација за туристи и веројатно е една од најбезбедните земји за живот во моментов. Тука се присутни девет од вкупно единаесет климатски зони во светот и ја користиме секоја можност да уживаме во различностите на секој дел од земјата, од полупустински делови, па се до снежни планини каде се инвестира во развој на зимски туризам, раскажува Димитровски.

Кога не е на работа патува низ земјата, па и надвор во тој дел од светот. Во Азербејџан нема многу Македонци, но Димитровски вели дека има дружба со пријатели од поранешните југословенски простори и од Романија. 



Го прашав како гледа на ситуацијата во Македонија и сигурно одговори дека за земјата нема друга опција освен интегрирањето кон европските пазари. Клучниот проблем, се согласува со констатацијата, е иселувањето на младите. Сепак вели дека проблемот е суштински.

„Очигледно е дека трендот на иселување на младите нема да се стопира, особено не на краток рок. Меѓутоа, ако младите треба да одберат помеѓу партиски книшки за вработување во непродуктивна јавна администрација и заминување во странство, јас се уште мислам дека второто е подобра опција. Се додека се очекува партиските книшки да бидат модел за успех, нема да успееме да ги задржиме младите луѓе во Македонија.

На подолг рок, според мене потребни се суштински промени во размислувањето на општеството во целина, стимулирање на претприемништвото и развој на модерен образовен систем кој ќе стимулира иницијатива и размислување на младите за сопствен успех, во бизнисот, културата, развој на техологиите, науката.. Образованието мора да биде дел од долгорочна национална стратегија во кој сегмент Македонија може да се развива и да биде конкурентна на големите пазари. Политиката и јавната администрација треба да создаваат услови за самостојно  функционирање на општеството и бизнисот, а не да бидат централен дел на секое општествено случување, вели Димитровски.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа