Димитров за eкстрадиција на Груевски: Со Унгарија имаме заеднички и различни интереси
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2019
Во неделното интервју за РСЕ, министерот за надворешни работи Никола Димитров, меѓудругото, зборува и за екстрадицијата на поранешниот премиер, Никола Груевски.
„Тој проблем сега се реактуелизира дополнително со последните чекори од Обвинителството во однос на 27 април. Ние тука имавме делумна амнестија, која направи дистинкција, ги разграничи они кои организирале, оние кои учествувале во насилство, ќе видиме што ќе направи обвинителството, мислам дека ќе има тука кон Министерството за правда едно дополнување на барањето за екстрадиција. Со Унгарија имаме заеднички интереси и различни интереси“, вели Димитров.
Заедничките интереси ни се да продолжиме да тргуваме, да продолжиме да се поддржуваме за крупните интереси -евроатланските интеграции, додава министерот.