07 Мај, 2024
0.0262

Димитров кажа зошто го облекол сдсмовскиот дрес - тоа е дрес на надежта и иднината, иако имавме и грешки

Објавено во: Македонија 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

За некои изненадување, а за други очекуван избор а ја предводи пратеничката листа за првата изборна единица на СДСМ, односно поголемиот дел од главниот град на земјава, кој е клучен за мерење на вкупното политичко расположение на гласачите.

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, вчера доцна вечерта кажа пред граѓаните зошто се облекол во дресот на СДСМ, бидејќи, вели, тоа е дресот на иднинта и надежта.

„Во 2014 година ја напуштив дипломатијата, мојата професија од 1996. Решив да не одам во Москва, мојата следна дестинација како амбасадор, чувствувајќи одговорност за очигледно погрешниот курс на тогашната власт. Го напуштив системот и си дадов отказ во МНР, без намера за некаков политички ангажман. Во 2015 кога ги чув првите “бомби”, не можев да не влезам во борбата да го тргнеме срамот од македонската нација и да ја извлечеме татковината од “преродбата” на Груевски што всушност беше одродба и од македонското автентично ЈАС и од демократијата кулминирајќи во “заробена држава” (Европска комисија)“, напиша Димитров на својот фејсбук прифил.

Натаму тој објаснува дека бил активист на Шарената револуција, ја ширел, како што вели, вистината против режимот, објавувајќи текстови во меѓународни и македонски медиуми. По изборите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев го повикал да се врати и да ја води дипломатијата.

„Заедно, за 30-ина месеци, од земја “во ќорсокак” (Фуле) и меѓународна изолација, успеавме да ја исправиме државата на нозе и одлучно да зачекориме напред.
Го решивме најголемиот проблем од независноста, што ни ја држеше иднината заклучена. Наместо во антиката, дебатата ја преместивме во 21 век, каде правото на самоопределување и самоизјаснување е не-спор-но! (Член 7 од Преспанскиот договор). Ние сме македонски народ што зборува македонски јазик и живее во нашиот дел од историскиот регион Македонија, во Северна (придавка) Македонија (ИМЕнка)“, пишува меѓу другото Димитров.

Пред нас, нагласува министерот и првиот во „единицата“, се клучни избори. Со расчистен пат надвор, предизвикот од надворешна политика ќе се помести дома.
Решил дека денес не е време да се седи на страна. Како човек што нема и немал партиска припадност, активното учество на изборите за него не било едноставна одлука. Но, ние немаме луксуз да бидеме пасивни набљудувачи, уверува Димитров.

Изборите, за жал, нема да бидат натпревар на идеологии, политики, способност и посветеност. Не е прашањето кој ќе оди напред побрзо и повешто, туку кој воопшто оди напред. Изборите се раскрсница: Да не’ биде или не!

„На овие избори, дресот на СДСМ и коалицијата не е само дрес на партија, туку е дресот на иднината и надежта, и покрај тоа што имавме и грешки; за на следните избори да имаме вистински мегдан и натпревар. Нашиот претстоен предизвик - реалната битка - е онаа за правда и еднакви можности. Му благодарам на СДСМ и на Зоран Заев за честа да бидам носител на Изборната единица 1. Ќе дадам се’ од себе за мојот народ, македонскиот народ, и за сите други наши сограѓани, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и Роми ... за да ја средиме нашата заедничка куќа! Се’ од себе за да докажеме дека можеме и повеќе и подобро! Ќе не’ биде!“, завршува шефот на дипломатијата и една од поголемите надежи на СДСМ на претстојните избори.

Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена