Димитров до граѓаните: Aко утре тргнете некаде, не се знае дали ќе може да се вратите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020 21:35
Ситуацијата се менува од час во час, ако утре тргнете некаде, не се знае дали ќе може да се вратите, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче за коронавирусот.
„Невообичаено е еден министер за надворешни работи да апелира да не се патува, но такви се состојбите. Мораме за ова да апелираме. Денеска на унгарско-српската граница околу 200 македонски граѓани беа заглавени и по комуникацијата со Романија и Бугарија, очекуваме утре наутро тие да се појават на македонскиот граничен премин Деве Баир“, вели тој.
Тој рече дека сега ситуацијата е непредвидлива.
„Државите затвораат граници, аеродроми, авиокомпаниите откажуваат летови. Македонските државјани што имаат регулиран престој во други држави да не се упатуваат кон татковината. Има најава дека и ЕУ ќе ги затвори границите за сите несуштински патувања. Граничниот режим на другите држави не зависи од нас“, рече Димитров.
Тој апелираше дека сега е време да се седи дома.
Вечерва Филипче соопшти дека има уште 5 заразени со коронавирус, а утре треба да се потврдат уште два случаи на луѓе кои се тестирани и се позитивни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип





