16 Мај, 2024
0.0352

ДИМИТАР БОГОВ: Не чуствувам вина за политиките на задолжување на претходната Влада!

Објавено во: Финансии 04 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ДИМИТАР БОГОВ: Не чуствувам вина за политиките на задолжување! 

Потребна е фискална консолидација на јавните финансии, новата Влада треба да оцени како тоа ќе се направи, и наскоро ќе видиме со ребалансот на Буџетот, вели во интревју за Телевизија 24, гувернерот Димитар Богов. 

Народната банка ќе биде претпазлива и ќе следи како се одвива стабилизацијата на политичката состојба, вели Богов но несака да коментира што очекува да биде приоритет на новата Влада. Само посочува дека е потребна фискална консолидација. На прашањето дали тоа им го кажал и на поранешните министри Зоран Ставрески и Кирил Миновски и дали Владата предводена од Вмро-Дпмне одржуваше умерено ниво на Јавен долг,  гувернерот вели: 

“Тоа ниво од 46% од БДП сеуште се смета за умерено ниво на Јавен долг, значи сеуште има некој простор за задолжување но веќе е крајно време да се размислува за таа фискална консолидација“ – вели гувернерот. 

На прашањето дали тој чуствува одговорност за големиот раст на задолжувањата, со оглед на тоа што и тој учествуваше во преговорите за издавање на Еврообврзницата лани, летото, Богов вели: 

“На официјалните средби што сум ги имал со нив сум го кажувал тоа што го мислам, генерално политиката на задолжување е во рацете на Владата. За што би чуствувал вина или одговорност? Гувернерот е задолжен за монетарната политика и не смее да се меша во фискалната. Како можам да и кажам на Владата да се задолжува или не“ – вели Богов.  

Средбата со новиот министер за финансии Драган Тевдовски ја оцени како повеќе од конструктивна. Најави дека доколку биде поканет од Тевдовски, би учествувал во преговори за можна нова Еврообрзница. 


Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка