19 Мај, 2024
0.0330

Девојче од Македонија ќе ги добие очилата за слепи на OrCam

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Мал е бројот на иновации и производи кои може да им помогнат на слепите и на луѓето со оштетен вид. Фактор имаше уникатна можност да ја проследи презентацијата на OrCam во нивното седиште во Тел Авив. Секое дејствие на очилата се повеќе изгледаше како да е од сцена на научно-фантастичен филм, кога технологијата е впрегната да ја унапреди човечката несовршеност и ранливост.

Нашата помисла веднаш беше колку ли луѓе имаат потреба од офталмолошки помагала, особено лицата кои немаат опција ниту за корективна операција. Во Македонија сигурно бројката изнесува околу 10.000.

Таа мисија за помош на лицата со оштетен или целосно изгубен вид ја има иновативната компанија OrCam од Израел основана од Зив Авирам.

OrCam ги развива првите очила за слепи и за лица со оштетен вид. Очилата MyEye кои ја добија својата втора верзија не се помагало за вид, ниту пак го враќаат видот, но затоа преку вештачката интелигенција помагаат на лицата со оштетен вид полесно да функционираат во секојдневниот живот. Очилата може да прочитаат текст, да препознаат лица на луѓе, да ви кажат колку пари имате во раката, колку е часот, да добиете информации што има пред вас, а располагаат со батерија за речиси еденодневна употреба и доволно меморија за сите податоци кои се складираат локално за да не се наруши приватноста.

OrCam се очила кои имаат 13 мегапикселна камера која прави слики и скенови од околината на корисникот и потоа му дава соодветни информации. Смарт уредот работи на гласовни команди вклучувајќи на англиски јазик, српски, бугарски и на уште триесетина светски јазици. Наскоро се планира и очилата MyEye да слушаат команди и на македонски јазик. Тоа што најмногу ни предизвика внимание е информацијата дека вакви очила ќе добие девојче со оштетен вид од Битола како прв македонски корисник чиј живот може да биде значително олеснат.

Ги запрашавме претставниците на OrCam нешто повеќе околу нивниот бизнис модел и според Кафи Фишер директорот за маркетинг тоа зависи од земја во земја. OrCam некаде склучува јавно-приватно партнерство, односно очилата ги продава преку Министерствата за здравство или социјална помош, организациите на слепи и фондации и организации кои се хуманитарни. Секако постои и директна продажба на MyEye очилата кои чинат 2500 долари. Според Кафи секоја земја има различен пристап па затоа и цената за очилата е сосема прифатлива со оглед на тоа каква надеж носи за корисникот.

Х.С:

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места