08 Мај, 2024
0.0236

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Се троши Еврообврзницата!

Објавено во: Економија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Новата Еврообврзница од 500 милиони евра во првиот месец од годинава ги “набилда “ девизните резерви. Ланската  2017 година заврши со салдо на државни резерви од 2,33 милијарди евра. Откако на сметка легнаа парите од новиот заем, во јанари девизните резрви се зголемија на 2,57 милијарди евра. Од Народната банка оценуваат дека со почетокот на оваа година, забележан е значен пораст на резервите, но како резултат на трансакциите со Еврообврзницата.

“Девизните резервина крајот од 2017 година изнесуваа 2.336 милиони евра и на годишна основа забележаа пад од 159 милиони евра.Податоците за девизните резерви во февруари покажуваат раст од почетокoт на годината, што во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата како резултат на издавањето на шестата еврообврзница на меѓународните финансиски пазари“ – велат од Народната банка.

Најновите податоци за февруари покажуваат дека резервите во вториот месец во споредба со јануари се намалени за 11 милиони евра. Ако се анализира структурата на државните резерви, намалување за 88,7 милиони евра има кај валутите и  депозитите кои на крајот од февруари изнесувале 152,1 милион евра. Се намалила и врдноста на монетраното злато за 1,8 милиони евра или според февруарската состојба , вредноста на златото кое го поседува Македонија изнесува 237,8 милиони евра.

Од друга страна, на крајот на вториот месец  позначаен пораст од скоро 80 милиони евра има кај девизните резерви во хартиите од вредност.

“Анализата на показателите на адекватностанадевизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурна зона.Расположливи податоци од надворешниот сектор за 2018 година се податоците за нето - откупот од менувачкоработење, заклучно со јануари. Тиеукажуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто се во согласност со проектираните за првиот квартал од 2018 година, но податоците се расположливи за кус временски период и не се доволни за да се изведат посигурни заклучоци“ – велат од НБМ. 

Состојбата со девизните резерви неодамна беше и причина за партиски обвинувања меѓу Вмро-Дпмне и СДСМ. Од опозициската парија обвинија дека резервите се топат а економиајта назадува. Од СДСМ возвратија дека кредитниот рејтинг за земјава што го објави агенцијата “Фич“ е потврда дека економските политики на Владата се успешни.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката