14 Мај, 2024
0.0342

Детските права, во свет без предрасуди

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Под мотото „ДЕТСКИТЕ ПРАВА, ВО СВЕТ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ“, Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Хуманитарно здружение Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА, а со поддршка на Детската фондација Песталоци, од 03 - 07 Октомври 2016 ќе реализираат повеќе локални акции создадени од  четириесет деца од различни националности од Прилеп, Тетово - Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци во рамките на Неделата на детето. 

Во рамките на Неделата на детето во повеќе градови низ Македонија ќе се реазлизираат повеќе активности, а главните настани ќе се одбележат:

  • Струмица  06.10.2016 - Детски Права (Градски плоштад) – Датум:, од 13:00 до 15:00 часот

·  Теарце 05.10.2016 -  Изложба на цртежи  (во центарот на градот) 13:00 – 16:00 часот (Градски плоштад)

·  Прилеп  07.10.2016 - Главен настан (Градски плоштад) 12:00 - 15:00 часот

·  Куманово 07.10.2016 - Настан „Детски права во свет без предрасуди“ (Градски плоштад) 12:00 часот

·  Кавадраци  07.10.2016г – главен настан (Градски плоштад)во 10ч

Неделата на детето го прославува правото на децата да уживаат во своето детство, исто така претставува можност децата да ги демонстрираат своите таленти, вештини и способности. Во 1954 година Генералното Собрание на Обединетите Нации го одреди Универзалниот Ден на детето како ден за промовирање на партнерство и разбирање помеѓу децата во светот. Оттогаш 20-ти ноември се развил во ден на кој се фокусирало вниманието на потребите на децата и нивните фамилии. Во 1985, е одлучено да се посвети цела недела по повод правата и потребите на детето.

Одбележувањето на Неделата на детето е во рамките на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација“ кој има за цел младите луѓе да се здобијат и стекнат со вештини и знаења, како и да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, потоа да ја промовираат интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различи култури, како и да работат на промоција на детските права.Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои се дел од активностите на овој проект имаат за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на младите.

Зоран Илиески – Извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА: “Детските права треба да се почитуваат како на сите останати граѓани. Децата заслужуваат многу повеќе и заслужуваат да живеат во свет без предрасуди. Преку активностите за време на Светската недела на детето веруваме ќе се зголеми потребата да се почитуваат правата на децата и истовремено да се зголемат“.

Коалиција на младински организации СЕГА го реализирапроектот Промоција на детски права и интеркултурна комуникација” во партнерство со Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) - Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) - Скопје, Хуманитарно здружение Мајка - Куманово, и Центар за едукација и развој - Теарце, а со поддршка на Детската Фондација Песталоци.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 21 членкa.




Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти