27 Април, 2024
0.0280

ДЕСКОСКА, РЕМЕНСКИ, КИРАЦОВСКИ, ТАНАСОСКИ - беа на високи позиции, сега веќе не се дел од партиските органи

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Се уште се предмет на дебата промените во партиското раководство кои се случија на конгресот на СДСМ во неделата. 

Промени има од заменичкото место, односно Сања Лукаревска доаѓа на позицијата на долгогодишната заменичка Радмила Шекеринска, потоа потпретседателите, па до сите партиски органи. 

Во Извршниот одбор досега членови беа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, пораненешната министерка за правда Рената Дескоска, партискиот портпарол и пратеник Костадин Костадинов, Есра Салихи, поранешниот директор на Царина, Ѓоко Танасоски, Весна Гершан, Васко Талевски, Тања Стојановска Иванова, Фросина Ременски, Љатифа Шиковска, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов, и Маринела Ојлеска.

Сега, пак, во Извршниот одбор на партијата, од 18 члена, само пет се од претходниот состав. 

Ги нема Десковска и Танасоски во новиот Извршен одбор на СДСМ. Меѓу новите членови, пак, се ракометарката Андријана Будимир, директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за пластична хирургија, Софија Пејкова, како и Ана Данева Маркова, Нина Фити, Јована Тренчевска, Димитар Ковачевски.

Остануваат, пак, градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев. 

Додека, пак, промени има и во Централниот одбор, партиско тело кое брои голем број членови, и кои пшрактично одлучува во име на партијата помеѓу два конгреса. 

Во Централниот одбор веќе не се Рената Дескоска, која порано беше еден од врвните партиски луѓе и имаше високи министерски функции - за правда и за образование, но потоа реши да се повлече од Владата и да се врати на професорското место на Правниот факултет, потоа, Фросина Ременски, која беше потпретседателка на Собранието, а сега исто се врати на професорските води, потоа Александар Кирацовски, портанешен генерален секретар на СДСМ и пратеник, како и Ѓоко Танасоски, поранешен директор на Царинската управа. Член на ЦО, како што е познато, веќе не е и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“