18 Мај, 2024
0.0288

Десет причини зошто идните студенти треба својот кариерен пат да го започнат со упис на УКИМ

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Изборот на универзитетот при продолжување на образованието е клучниот чекор кон создавањето поперспективна иднина. Квалитетното високо образование и широката понуда на факултетски единици и академски програми, е секако приоритетно во изборот. Меѓутоа, изборот на универзитет со себе носи уште цел систем од придобивки кои влијаат врз целосниот социо – културолошки и интелектуален развој на идниот академски граѓанин. Традицијата, реномето, професорите и останатиот наставно – едукативен кадар, принципот на работа и квалитетот на образование по стекнатата диплома го етикетираат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како образовна институција која го држи приматот во државата. Како државен, прв и најстар универзитет, УКИМ според многу мерила го ужива епитетот најдобра високообразовна установа, а причините започнуваат од:

1.Традиција, знаење, искуство -  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје е формиран во 1949 година. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи. Тука се негува знаењето, науката и квалитетот од самото негово основање.

2.Најголем избор студиски програми - УКИМ поседува студиски програми во сите научни области - природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите, вкупно 193 акредитирани програми.

3.Истражувачката работа на сите факултети и на научните институти во состав на Универзитетот. 

4.Најголем фонд достапна литература – секоја од факултетските единици на УКИМ поседуваат свои библиотеки со потребната литература, истражувања, трудови и тези, коишто се неопходни во процесот на спремање испити.

5.Модернизиран соодветно светските трендови во оценувањето – покрај традиционалниот пристап во едукативниот процес, УКИМ паралелно ги имплементира современите методи на работа, едукација и валоризација (КТС систем на оценување).

6.Наставниот кадар на УКИМ е составен од истакнати, реномирани професори и академици кои со својата работа и знаење придонеле во научните, технолошките и социолошките достигнувања во земјава. Во реализацијата на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 наставно-научни и соработници.

7.Воспоставена и долгогодишна соработка со светски универзитети и академии којашто овозможува размена на полето на науката, на полето на студентски и наставен кадар и за заедничка соработка на разни научни проекти, разни постдипломски и докторски студии.

8.УКИМ е познат и признат во светски рамки, а исто така и дипломите кои се признаени на меѓународниот пазар на трудот.

9.Еразмус плус студентска пракса, со што на студентите им се овозможува да стажираат во компании во земјите на Европската Унија.

10.УКИМ е најдобриот универзитет во државата, односно најдобро рангирана високообразовна институција од Македонија според глобални рангирачки мерења.

Предноста на УКИМ е потврдена со фактот дека секоја година повеќе од 6.000 домашни студенти и странски студенти го избираат УКИМ за своето идно образование. Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 150.000 високостручни кадри, над 10.000 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.

Универзитетските денови не се само образовно и интелектуално надградување туку и созревање на личноста во целост и изградување во академски граѓанин и професионалец во извесно поле. Пазарот на трудот бара квалитетни, изградени личности и веќе подготвени кадри, кои што образовниот систем веќе ги профилира како експерти во извесна област, а изборот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, покрај бројните поволности, пред сè носи знаење што е апликативно веднаш. 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата