18 Мај, 2024
0.0328

Десет начини како да добиете работа

Објавено во: Стил 29 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Доста ви е од сите пријави за работа и интервјуа? Сакате вистинска понуда за работа? Прочитајте што ве советуваат експерти, како да се издвоите од другите, да оставите позитивен впечаток на работодавецот и да дојдете до целта, да се вработите.

Списанието Лидер ви пренесува совети од експерти од познатиот портал Careerbuilder.com

1. Бидете совршен кандидат за работа на хартија Вашата биографија може да содржи клучни зборови и постигнувања кои се релевантни за одредена работа – вели Катерина Џуел, авторка на книгата Нова биографија, нова кариера – Добијте работа која ја сакате со вештини и искуство кое веќе го имате. Прегледајте го внимателно конкурсот, па отфрлете ја стандардната биографија која секогаш ја праќате и напишете една која е скроена токму за позицијата за која се пријавувате.

2. Одржувајте ги своите референци актуелни Испратете брз меил на луѓето кои ви даваат препораки и известете ги за позицијата за која се пријавувате. Објаснете им кои се специфичните вештини и знаења кои се бараат за таа работа, за да можат да ве поддржат на соодветен начин, вели Харци МекКеј автор на книгата Употребете ја својата глава за да добиете работа – Тајни за барање на работа кој никој друг нема да ви ги каже.

3. Направете домашна задача Џули Рулис менаџер во Вестерн Унион препорачува да го истражите работодавачот. Не само што треба да ја прегледате веб страната на компанијата и нејзините финансиски извештаи, туку треба да ја барате преку Гугл. Употребете го Фејсбук и Твитер на кои може да дознаете дополнителни информации.

4. Бидете доследни во повеќекратните интервјуа - Првата причина зошто фирмите одржуваат повеќе интервјуа е да се осигураат дека кандидатите претставуваат конзистентна и убедлива слика за себе како различни членови на тим – вели МекКеј. Додека прашањата на интервјуата можат и не мора да се разликуваат многу, секако бидете точни во претставувањето на своето минато.

5. Поставувајте позитивни, интелигентни прашања МекКеј советува дека секогаш треба да бидете подготвен на поставувањето на прашањата, две или три кои покажуваат дека сте ја проучиле фирмата и дека размислувате за клучните прашања кои се важни за компанијата.

6. Преведете го вашето минато во иден успех Покажете ги своите можности. Искомпонирајте ги вистинските примери од вашето работно минато во интервју и квантифицирајте го производството каде и да е тоа можно (на пр. Продажбата се зголемила за 10 отсто откако мојот тим го примени...).

7. Бидете специфични кога зборувате за придонесот кој можете да го направите токму во моментот на разговорот Пред да го дознаете износот на платата или брзината со која можете да напредувате, потрудете се да ја докажете својата вредност. Концентрирајте се на позицијата за која конкурирате и на тоа зошто токму вие сте кандидат кој е најсоодветен за работата.

8. Бидете симпатични Почнете го интервјуто на вистински начин и дојдете на време. Насмејте се на луѓето кои ќе ги сретнете, пробајте да се опуштите во текот на интервјуто и покажете дека сте забавно лице кое се вклопува.

9. Побарајте ја работата Отстранете ја секоја сомнеж која работодавецот ја има за вашиот ентузијазам. Џуел предлага да го завршите интервјуто со зборовите – Навистина би сакал да придонесам за оваа компанија и се надевам дека ќе ме изберете.

10. Остварете дополнителни контакти Немојте да седите и да мислите дека работодавецот ќе ве викне ако е заинтересиран. Рулс вели дека е важно да се изрази благодарност за пружената прилика и да се покаже возбуденост. Тоа може да ве направи поинакви од конкуренцијата. 

Извор: Миа