02 Мај, 2024
0.0320

Десет лекции кои бизнис лидерите би сакале да ги знаат пред да станат успешни

Објавено во: Финансии 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Времето и дистанцата даваат нова перспектива. Еве одговори на 1 000 лидери на прашањето на сајтот  Inc.com:

„Што би сакале да знаете кога ја започнувавте вашата кариера, а го знаете сега?

1. Вие ја поседувате својата кариера

Веруваме дека ако ја спуштиме главата и работиме, одеднаш ќе се појави магичен планер на небото и ќе не води од работа до работа додека не се оствари кариерата за која сме сононувале. Немојте да западнете во таа замка.

2.Значајното почнува со вас

Вие сте единствените што можете да му препишeтe значење на она на што го трошите своето време. Посветете се на остварување на животот и кариерата која ја сакате, не на она што некои други го очекуваат од вас.

3. Давајте, не одземајте

Постојат два вида на луѓе на работа-оние кои ја даваат својата енергија на работното место со ентузијазам, страст и оптимизам, и оние кои ја одземаат енергијата со својот песимизам, оговарање и негативен став.

Немојте да дозволите енергетските вампири да ја исцицаат волјата од вас.

Позитивните ставови често се поврзани со престижните работи.

4. Карактерот се открива во тешки времиња

Затоа искористете го таквото време да го покажете својот карактер. Вистински ќе запознаете некој во време на криза. Луѓето секогаш ќе памтат како сте се однесувале во такви ситуации.

5.Подигнете ги другите баш како што и вие се искачивте

Искачувањето на скалата на успехот е сјајна работа, но помагањето на другите и тие да се искачат е она што значи да се биде грижливо човечко суштество.

6. Одете од „ќе биде“ кон „стане“

Имаме многу малку време во нашите пребукирани животи да „бидеме“ а камоли да „станеме“. Сепак, вистинското животно исполнување е кога „станеме“ (подобра верзија од себе). Посветете се на тоа учењето и напредувањето да ви бидат приоритет. Времињата кога сме најнесреќни на работа (во кариера) се оние кога стагнираме.

7. Тежнејте од успех ... до значење

Нема ништо лошо во тежнеењето кон успехот. Но, вистинското исполнување е она кога имате значење за другите, кога внесувате промени во животите на другите ...

8. Бидете оригинални во размислувањето 

Лесно е да паднете во замка и да размислувате како „компанијата“ налага (што секако не е единствен исправен начин) . Со време сфаќаме дека работиме и мислиме како шефот кажува а не како вистински чуствуваме. Оригиналните идеи и начин на размислување се потценети. Не треба да го дозволиме тоа, бидејќи само оригиналните идеи водат кон успех.

9. Бидете заинтересирани за она што е исправно а не за тоа кој е во право

Лесно е да се потроши драгоцено време и енергија на тоа да бидете во право во некоја расправа. Но интелектуалниот интегритет е многу поважен од перцепцијата на интелектуалната надмоќ.

Бидете заинтересирани за вистинската работа, а потоа направете ја.

Тогаш енергијата е добро потрошена.

10. Најголем ризик кој можете да го преземете да не прземате никаков ризик.

Најголема разлика помеѓу медиокритетот и величенствениот лидер често се мери во подготвеноста да преземат ризик, извлечат лекција и тргнат напред.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција