ДЕСЕТ ЧЛЕНА НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО СЕ УБИЕНИ: Израел не попушта пред нападите на Хамас
Објавено во: Свет 15 Мај, 2021 09:03
Израелската армија уништи објект на военото разузнавње на Хамас во Газа, од појасот Газа ракети кон градот Бер Шева.
Палестинските радикали утрово продолжија со ракетен напад врз големиот град Бер Шева во јужен Израел, соопшти прес-службата на израелската армија. Палестинците пријавија 11 загинати на окупираниот Западен брег во судири меѓу демонстранти и израелските безбедносни сили, а најмалку 132 лица се убиени во Газа од понеделникот, вклучувајќи 32 деца и 21 жена и 950 ранети. Меѓу осумте загинати, колку што досега потврдија во Израел, покрај војниците кои загинаа на границата со Газа, има и шест цивили, меѓу кои и две деца, објавија израелските власти. Десет члена на семејство беа убиени утрово во израелски воздушен напад во западниот Појас Газа, јавија француски медиуми. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека не планира да попушти во нападите против Хамас, најмоќната милитантна група во Газа. Веќе петти ден траат оружените дејства на Блискиот Исток.
Македонските власти даваат поддршка на Израел. Истиот став го дели и опозицијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа на Фејсбук даде поддршка за Израел. Изрази сочувство за секој изгубен живот, и се надева дека брзо ќе се смират немирите за да сите луѓе во тој регион живеат во мир.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итен прекин на непријателствата во Израел и Појасот Газа, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижарик. Тој изјави дека ОН се подготвени да помогнат во израелско-палестински договор врз основа на релевантни резолуции на ОН, меѓународно право и билатерални договори, со помош на други медијатори, како Русија, САД и Европската унија.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




