07 Мај, 2024
0.0245

Денеска ќе има пресуда за сопственикот на „Трансмет“

Објавено во: Економија 20 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во кривичниот суд во Скопје за денеска напладне е закажано изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“ на СЈО, во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и уште 2 правни лица за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

СЈО побара конфискација на имотот во вредност од 17 милини евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс неметали“, кој е стекнат на противзаконски начин. Обвинителството даде алтернативно барање, доколку некоја од фирмите нема имот, конфискацијата да биде насочена кон основачот. Обвинителите го повлекоа целосното обвинение кон „Вато“ ДООЕЛ. Сафет Васиќ повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку се води како помагач.

Судењето почна во ноември 2017 година и траеше 8,5 месеци. Според обвинението, обвинетите со фалш документи учестувале и добиле тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Обвинетите на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

СЈО за Кочан и Авировиќ побара и притвор. Кочан не беше неколку месеци во државата. Врховниот суд одлучи да му го укине притворот на Кочан по барањето за заштита на законитоста, што го поднесе Јавното обвинителство.

Сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и дека не сториле никакво кривично дело. На судењето беа преслушани и 13 бомби, а беше изведена и сметководствена и друга документација.


Можеби ќе ве интересира

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

ДРЖАВИТЕ ДА ПРАВАТ РЕЗЕРВИ ЗА КРИЗНИ ПЕРИОДИ – што научивме од последователните кризи, каде да се насочат „силите“ во иднина

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?