Денес уживајте во убавото време, утре ќе имаме за 10 степени пониски температури
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021
Уште денеска уживајте во топлото време, а од утре ќе има пад на температурите за 10 степени.
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен ветер. Во утринските часови во одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Попладне облачноста ќе се зголемува. Дневната температура ќе се движи во интервал помеѓу 15 и 23 степени Целзиусови. И во Скопје слично време со максимална дневна температура од 20 степени. Од недела попладне и понеделник наутро се очекува позначителен пад на температурите. Идната недела на повеќе места во земјава наутро ќе имаме температури под нулата.