ДЕНЕС ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ: Не стојте на сонце-и не излегувајте од 11 до 17 часот
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017
Денес, утре и задутре ќе биде многу топло при што земјата ќе се најде во портокалова фаза.
Температурите ќе бидат енормно високи до и над 40 степени Целзиусови, предупредија од УМХР.
Препораките се да не излегувате на сонце и да се криете од него, а работодавците да ги ослободат бремените жени од работа и хронично болните лица на возраст над 60 години.
Исто така се препорачува работодавците да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови напоменуваме дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.