Ден Дончев си поднел оставка во ФЗО
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Мај, 2020
Актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, си поднел неотповиклива оставка до Владата, потврди тој за Фактор. Според образложението, функцијата ја напушта од здравствени и семејни причини.
Дончев стана директор во август 2017 година. Тој на парламентарните избори во 2016 г. беше носител на листата во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“ и важи за близок до екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.