ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА Е МРТВА: По втор пат медиумите објавуваат дека вдовицата на Енвер Хоџа починала
Објавено во: Балкан 28 Декември, 2017
Медиумите во Албанија објавија дека починала вдовицата на Енвер Хоџа по што таа ја демантираше информацијата.
Неџмије Хоџа, вдовица на албанскиот комунистички лидер денеска лично ја демантираше веста во медиумите за нејзината смрт.
Во весникот „Дита“ под наслов „Порака за оние кои ме умреа“, објавено е нејзиното писмо во кое таа пишува „нека се уверат сите дека сум жива“ и им упатува честитка на сите Албанци по повод Новата 2018 година.
„Јас се одмарав, спиев кога ме разбуди мојата снаа од син и ми кажа дека весниците објавиле вест за моја наводна смрт“ пишува таа во писмото.Ова е втор пат вдовицата на Хоџа да биде прогласена за мртва. Вдовицата е ќерка на дебарското семејство Џуглини и е родена во Битола во 1921 година. Според бројни извори, таа имала силно влијание врз активноста на албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа.