18 Мај, 2024
0.0271

Деловна комуникација – „Дијамантот на Меркел“

Објавено во: Стил 26 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Прашањето кое што ги мачи многумина од политичарите е - што со рацете?  Некогашниот премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер добила препорака да носи чанта, додека пак„ челичната лејди‘‘ на 21-виот век, Ангела Мекел има друго решение. Без разлика дали слушате некој нешто што зборува,  или само ја набљудувате личноста, положбата на рацете го привлекува нашето внимание како богат извор на невербални знаци кои ни помагаат подоро да ги разбереме мислите и чувствата на другите. Интересен е и податокот дека нашиот мозок посветува  внимание и на прстите и дланката во однос на остатокот на телото. Затоа, прашањето што ги мачи многу „што со рацете‘‘ е оправдано. Значењето посебно се истакнува кога се работи за јавни личности, поготово политичарите и деловните луѓе,  кои што треба да водат сметка  што рацете во одредена положба препорачуваат, односно каква порака праќа. Дијамантот на Меркел Германскиот канцелар дланките ги држи во пределот на стомакот, споени прсти , во положба која е позната како „Дијамантот на Меркел‘‘ . Ова е најверојатно еден од најпознатите гестови на светот. Христијанско- демократската унија го искористила овој приказ на нејзините раце за предизборната кампања во крајот на септември. Во центарот на Берлин бил изложен  плакат од 1400 квадратни метри , составен од 2150 мали фотографии, а одма позади аголот и билборд со натпис „Иднината на Германија е во добри раце‘‘. Во минатото, Меркел била соочена со потсмев упатен на нејзиното „држење‘‘, додека денес прекарот „мајка‘‘ и нејзината карактеристична положба на рацете, претставуваат симбол на смиреност и сила. Моќна форма на јазикот на телото е прикажан и во популарната анимирана серија ‘Симпсонови‘‘ каде што стариот милијардер Господин Браун ги спојува рацете во ова препознатлива положба. Гестот познат како „Дијаматот на Меркел‘‘ е ефикасен доколку поседувате одредена моќ или сакате другите така да мислат. Кога е во прашање на тимска работа, можете да нанесете само штета , бидејки тоа  укажува на ароганција. Држењето на рацете во оваа положба има одредени подсвесни манипулативни  сили, кои нема да бидат од корист доколку се работи за гест кој не е во склад со положбата или довербата што ја имаат луѓето во вас. Овој гест често го користат претпоставените. Тие го користат на состаноци или при издавање на наредба. Колку што се рацете во повисока положба ,отсликуваат повисока сила или ароганција. Во екстремни случаи, погледот поминува низ прамида која ја формираат дланките во положба пред очите. Некои се одлучуваат за посуптилна верзија на гестот, држејки ги рацете на овој начин , но под маста. Криењето на рацете од погледот на другите е прекривање на своите мисли или ограничување на сопствената моќ. Скриениот „Дијамант‘‘ повеќе е присутен кај жените , а карактеристичен е и за ситуација во која се слуша некоја личност. Ако рацете се во пложба на „Дијамант‘‘  но при тоа служат како потпирач за главата , овој гест не сигнлизира доверба , туку укажува на досада, самосвесност или непријтност. Кога се гледа во корелација со другите облици на говорот на телото , најважно е тоа што следува после поставувањето на рацете во таа положба. Треба да се посвети внимание и на позитивните и на негативните елементи кои укажуваат на тоа дали личноста настојува да биде искрена или ќе се обиде да мнипулира со својата привидна сила. Отворените дланки и ставот на телото се добар знак,  додека прекрстените раце укажуваат на негативност како и  допирањето на носот ,лицето или пак избегнувањето на погледот. Испреплетени прсти Доколку во текот на разговорот излезе нешто што ке ја смали самодовербата на личноста која ги држи рацете во облик на „Дијамант‘‘, следува преплетување на прстите. Тоа укажува на низок степен на самодоверба. Исто така треба да се посвети внимание и на обратната ситуација. Моќ и сочувство Најдобриот гест  со кој може да ги наведете другите да веруваат во вас,  да ве сакаат и да се согласуваат со вашето мислење е кога дланките се поставени во поширока положба пред другите, како да држите топка во рацете. Пораката која ја праќате на овој начин е сила, доверба и сочувство. Гестот е природен за сите прилики , вклучувјки и конфронтации, говори и пригивори. Барак Обама , претседателот на САД , често го користи овој гест , а истото го правел и неговиот противник во дебатата за претседателски кандидат во 2012 година Мит Ромни.