18 Мај, 2024
0.0338

Дечиња, потсетете се на заборавените бајки МАША И МЕДО и ПАЛЕШКА! Тие ќе ви ја стоплат душата и ќе ви го исполнат срцето со убавина!

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

МАША И МЕДО

Во оваа бајка главен лик на Маша. Таа е руско девојче кое веднаш ќе ве плени. Таа е ситна, убава, со сини очи и благ поглед, весела и насмеана. Таа е умница на баба ѝ и на дедо ѝ. Во оваа сликовница е претставенанејзината авантура за прошетката низ шумата со нејзините другарки и пријателството со Медо.

Во летните денови девојчињата по цел ден си играле надвор. Еднаш си помислиле колку ќе им биде забавно да појдат во блиската шума да собираат шумски јаготки и печурки. На дружината ѝ се приклучила и Маша која претходно побарала одобрение од својата баба и дедо. Ѝ одобриле, но со совет да биде внимателна и претпазлива, да не се оддалечува од девојчињата, зашто шумата може да биде опасна.

Сложната дружина скокнала од среќа и се упатила кон шумата во потрага по шумски јаготки и печурки. Девојчињата биле воодушевени од глетката, среќни и растрчани насекаде. Така и Маша, потскокнувајќи и воодушевувајќи се, се оддалечила од својата дружина. Талкајќи преплашена низ темната шума, наишла на мала куќарка во која влегла, не претпоставувајќи кој е нејзиниот сопственик......

Многу е интересно нејзиното запознавање со Медо......ама откријте ја вие нивната дружба и начинот како мудрата Маша се враќа кај баба ѝ и дедо ѝ!

ПАЛЕШКА

Палешка е ликот во следнава бајка што ја избравме за вас денес од едицијата заборавени приказни.

Таа е нежно и мило мало девојченце, големо едвај колку еден палец, кое толку многу било посакувано од една жена која немала деца. Следејќи го советот на една вештерка, засадила зрно јачмен од кое никнува преубав цвет лале. Кога се расцутела пупката од цветот, ливчињата волшебно се отвориле, а она што се појавило пред неа било остварување на нејзиниот сон.

Палешка спиела во лушпа од орев, на душек од сини темјанушки, со покривка од ливчиња од роза. Палешка била среќна, имала волшебен глас и многу убаво пеела. Толку била убава и слатка, што сите ја посакувале.

Вие имате задача да ги откриете нејзиното патешествие и авантури со:  желбите на грдиот жабец, како Палешка се ослободила и како избегала од него и од мочуриштето со помош на белата пеперутка. Понатаму, како ја грабнал мајскиот бумбар и што било одлучувачко кај него за да ја ослободи. Но кога дошла зимата, морала некаде да презими. Ја сретнала глувчицата која ѝ помага и ја прибрала на топло, ама за возвра, од Палешка барала да ѝ работи сѐ низ дома и ја убедувала да му стане жена на господинот крт. Моментот кога се соочила со премрзнатата ластовичка, на која Палешка ѝ подарила нега и љубов и ја оживува, ќе биде пресуден таа да се спаси од подземните ходници на кртот. Токму ластовичката ќе ѝ помогне да заминат во топлите краишта каде што на еден цвет го запознава кралот на џуџестите волшебници кој ѝ ја подарува круната и ја бара за жена, а Палешка прифатила со љубов.

И во двете бајки, освен текстот, ќе ве водат прекрасните илустрации, толку живи, колоритни и впечатливи. Преку нив, впрочем, ја доживувате целата бајка, целото волшепство на ликови, природа, пејзажи. Магични се и волшебни.

Затоа, читајте и уживајте во светот на заборавените бајки. 


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата