15 Мај, 2024
0.0270

Даниел Крег е најскапо платениот агент 007

Објавено во: Стил 21 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Даниел Крег потпишал договор за наредните два филма од серијалот за Џејмс Бонд во вредност од 31 милиони фунти (47 милиони долари), што го прави најдобро платениот британски актер. Крег, исто така, ќе стане и најдобро платениот агент 007, откако ќе се појави во следните два филма, кои треба да излезат во кината во 2014 и 2016 година. Оваа зделка го стави Крег на врвот и на листата на холивудските актери, каде што се Том Круз и Ленардо Ди Каприо, кои се заработиле 75 милиони долари , односно  37 милиони долари за минатата година. Договорот, исто така, го постави Крег пред најдобро платените британски актери за последните 12 месеци заклучно со мај. На оваа листа се Саша Барен Коен со 30 милиони долари и Роберт Патинсон со 26 милиони долари. Првиот филм на Крег во улогата на Бонд беше во 2006 година, кога заработува “само“ 3 милиони долари од „Casino Royale". Неговата плата за „Quantum of Solace" од 2008 година е 7 милиони долари. Претходниот Бонд, Пирс Бросман, доби 12 милиони долари за „ Тhe World Is Not Enough" од 1999 година и 16,5 милиони долари за „Die another day" во 2002 година Крег дефинитивно го игра Бонд во најдоброто можно време. Џорџ Лазенби добива 34 000 фунти за улогата на Бонд во филмот „In the service of her Majesty" од 1969 година, што е еквивалентно на 460 000 фунти во денешно време. Буџетот на оној филм сепак имал само 7 милиони долари.  Буџетот на „007 Coordinates: Skayfol“ е помеѓу 150 и 200 милиони долари.