18 Мај, 2024
0.0267

Ако си убав, имаш поголеми можности да бидеш вработен?!

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Италијанските научници открија дека најголем акцент при  вработувањето се посветува на изгледот на кандидатот. Ако сте убави , имате поголеми шанси да добиете работа ,од луѓето кои не можат  многу да се пофалат со нивниот изглед. Истражувањето  е спроведено така што, научниците испратиле  11.009  молби  на 1.542 огласи за работа. Пратени се осум исти молби и биографии во кои се менувала само фотографијата. Воочнeо е дека кандидатите – и мажи и жени – со „убави ‘‘фотографии , почесто добивале позитивни поврaтни инфoрмации. Ова не е прво истражување кое покажува дека изгледот и тоа како влија при вработувањето.Едно израелско истражување покажало дека работодавците денес се почесто ги пребаруваат своите потенцијални работници на интернет за  кој добиваат впечаток врз  основа на изгледот.