19 Мај, 2024
0.0271

Дали вреди да се штеди? Дивиденди на понуда, која е најкалорична?

Објавено во: Економија 07 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Првите „кокичиња“ за периодот што означува делење дивиденди на вложеното на нашиот пазар се повторно докажаните компании со висока корпоративна одговорност „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“. Годинава дополнително својот добар имиџ го подобри и ТТК Банка зашто во првите три излезе со конкретна понуда за дивиденда

Доаѓа долгоочекуваниот период во годината кога долгорочните, конзервативни, институционални инвеститори во акции ја прават својата сметка и ги пресметуваат заработките од вложеното.

Засега неколку домашни компании чии акции котираат на нашата берза објавија дека во материјалите од претстојните годишни собранија ќе има предлози за исплата на дивиденда. Очекувано најпрви во објавите се компаниите кои најчесто од Македонска берза ги добивале и годишните награди за транспарентност.

„Комерцијална банка“ објави дека на претстојното акционерско собрание, што ќе се одржи на крај на март, дивидендата за секоја акција ќе биде 500 денари односно 450 денари во нето износ за секој домашен акционер. Во однос на последната пазарна цена очекуваниот принос од таа акција изнесува 3,6 отсто. Тоа значи на парите што се вложени сега, а не пред една година или 10 месеци, на 4 мај на тој што вложил ќе му донесат принос од 3,6 отсто за период од 2 месеци. Вкупниот износ на дивиденда што ќе ја подели „Комерцијална банка“ е 18,5 милиони евра.

Македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ објави дека акционерите на 3 април ќе гласаат за дивиденда од 490 денари во бруто износ. За домашните физички лица акционери во таа компанија, кои се и најбројни акционери таму, нето износот е 441 денари. Во споредба со дивидендата исплатена лани за добивката во 2021 година сегашниот износ е зголемен за 11 отсто. Во однос пак на пазарната цена на таа акција нето дивидендата би носела 2,45 отсто, а исплатата би била на 17 мај годинава. Тоа значи дека за акција купена сега приносот за 70 дена изнесува 2,45 отсто. Дополнителен мотив за купување токму на таа акција е тоа што „Алкалоид“ секоја наредна година дава повисока дивиденда од претходната.

Досега се огласи и ТТК Банка од каде соопштија дека бруто износот на дивиденда е 67 денари за акција, а нето износот е едно евро во денарска противвредност. Тоа е принос од 4,5 отсто на вложените средства доколку денеска била купена таа акција на нашата брза. Дивидендата оваа банка декларира дека че ја подели на своите акционери веднаш по завршување на процесот на зголемување на основната главнина, а најдоцна до истек на законскиот рок – 30 септември.

Дивиденди имаат потенцијал да делат и други домашни компании кои и досега имаат извонредна дивидендна историја. И тие наскоро ќе би објават нивните предлог – одлуки за кои ќе се гласа.

Р.Ф.

foto freepik.com/alexgrash

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа