Дали се очекува нафтена криза поради блокадите на Евзони?
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2017
Поради штрајкот на грчките земјоделци една седмица цистерни со гориво не можат да влезат во Македонија и да извршат дотур на нафтени деривати.
На граничните премини, како што објави 24Вести, за влез во земјава чекаат 30 цистерни. Преминот Евзони е затворен за сообраќај поради штрајкот на грчките земјоделци, но проток на цистерни нема ниту на граничниот премин Дојран кој е во функција како алтернатива, додека за нафтоводот сѐ уште се чека на зелено светло од владата. Од Окта велат дека доколку не се најде решение ќе се почуствуваат првите знаци на криза со гориво, со оглед на тоа дека количината за влез е 750 илјади килограми дизел.
Од Царинската управа објаснуваат дека не е дозволено да се врши изнесување и транзит на нафтени деривати преку граничниот премин кај Дојран, но упатуваат да се користат граничните премини за Бугарија и тоа Делчево и Ново Село.