19 Мај, 2024
0.0375

Дали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од трета опција?

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber


Зошто СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го „анимираат“ гласачкото тело уште сега со своите кампањи на терен како да е предизборен период иако до парламентарни избори - предвремени или редовни, барем според најавите на премиерот Зоран Заев, има најмалку уште една година?

Претседателот на СДСМ, премиерот Заев, заедно со останатите министри во Штип ја промовираше „На прав пат“, додека караванот на  претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Ресен под мотото „Разговори за Обнова на Македонија“ критикуваше и најави промени и нови политики. 

Додека фокусот на власта е дека конечно државата нема проблеми со соседите и само што не добила датум за почеток на преговори со ЕУ и не станала полноправна членка на НАТО, за опозицијата приоритет е да ја обвини владеачката гарнитура дека се грижи за личната и материјалната корист наместо за проблемите на граѓаните.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ објави нов тим на стратешки соработници меѓу кои се најдоа Гордана Силјановска Давкова, Сашко Кедев, Игор Дурловски и Борко Ристовски, додека СДСМ се ребрендираше во нови бои.

„Има луѓе кои што личниот интерес материјалниот интерес им е пред се, има луѓе измамници има луѓе коишто ќе доаѓаат и ќе ветуваат се и сешто, додека ветуваат лажат и тие луѓе имаат име и презиме, а таа политичка партија се вика СДСМ, а тие луѓе имаат име и презиме и нив ги предводи најголемиот помеѓу нив, принцот на лагата Зоран Заев. Немојте тоа да го заборавите. Ние сме различни. ВМРО ДПМНЕ е различно, нашиот збор планини тежи тоа што ќе го кажеме тоа и ќе го испорачаме“, порача Мицкоски од последниот 

И двете најголеми македонски партии најавуваат секојдневни средби со граѓаните и нивно убедување дека во Македонија се живее, или може да се живее добро, иако барем засега, никој меѓу нив не сака експлицитно да открие дали се работи за намалување на гласачкото тело, разочараност и апатичност кај граѓаните, при што во целата ситуација се остава простор за силна трета опција.

„Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните. Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна”, рече Заев во својот говор..


Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално