18 Мај, 2024
0.1356

Дали САД ќе завршат како Советскиот сојуз!

Објавено во: Колумни 17 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го одржа редовниот дијалог со народот на Русија, нарече „Директна линија“. Се случи тоа само ден откако американскиот „Тајм“ го прогласи за највлијателен човек во светот. Покрај редовното годишно обраќање пред Државната дума, тој, обично во април, сака да „разговара “ со народот. И овој пат имаше народни прашања, но и прашања од експерти, бивши политичари, новинари кои се опозиционо настроени кон претседателот. Странските „Кремљолози“, како што порано ги викаа експертите ки се занимаваа со Советскиот сојуз, ќе имаат доволно материјал за анализи од четиричасовното „муабетење“ на Путин со народот. Кои се првите заклучоци и што остава најмногу впечаток? Пред се воздржаноста на Путин во секој поглед, било да се работи за внатрешно или надворешно прашање, со мала доза на цинизам кај последново, особено кога се однесуваа работите кон САД. Без еуфории, тој зборуваше и за економските проблеми на земјата, за Украина, Крим, односите со соседите, сојузниците, пријателите и непријателите. На сите нив им даде заслужен простор и коментар. За разлика од американскиот претседател Барак Обама, кој во годишното обраќање во Конгресот, ја сврсти Русија во групата главни непријатели на САД, заедно со еболата и ИСИЛ, Путин вели дека „подеднакво е чест да се биде непријател или пријател на Русија“. Додавајќи дека Русија никого не го смета за непријател. Нагласуваји дека Русија е голема нуклеарна држава и дека нејзиниот нуклеарен арсенал е споредлив само со оној на САД, тој како да сакаше да им одговори на оние кои велат дека Русија е регионална, но не и светска сила. Пред се ова важи за зборовите на американскиот претседател Обама. Се разбира Путин не заборава да нагласи дека и територијата и природните богатства, ја прават Русија голема земја, според било кои мерки. Руски пријатели се земјите од БРИКС и од Шангјаската организација за соработка. За Путин непријатели се меѓународните терористи и организираниот криминал. Во „директната инија“ не беа пропуштени прашањата за условите според ки може да дојде до нормализирање на односите со Западот и посебно со САД. Овде дојде до израз цинизмот на Путин, кој вели дека Русија не е таа која ги расипала односите, бидејќи таа секогаш се залага за нормални односи со било која земја. Најважна работа за тоа е да се почитуваат Русија и нејзините интереси. Според Путин на Русија не и се потребни „држави-вазали“, како што тоа прават САД со некои земји. Но, безусловно Русија ќе ги пројавува и ќе ги брани своите интереси, вели тој. Путин сака ова да го нагласи за да го разберат сите. Инаку, во почетокот на деведесеттте години, во времето на Елцин, Русија беше отворена за соработка со сите земји, дури се споменуваше и членство во НАТО. Но, се чини, победничката еуфорија на Западот, а пред се на САД, го фрлија во втор план фактот дека може да се гради нова конструкција на европската и светската бебедност. Па, затоа денес одново ги имаме најавите за „Студена војна“ и сл. Во поткрепа на Путиновото искажување за земјите-американски вазали може да се посочат неговите зборови за (не)доаѓањето на некои лидери на одбележувањето на 70 годишнината од победата над фашизмот. „Станува збор за избор на секој политичар, на секоја држава,која што тој ја претставува. Некој нејќе, а некому не му дозволуваат од „вашингтонскиот обласен комитет“. Му велат „не треба“, а тие веднаш „не одиме“, иако многумина сакаат. Но тоа е нивен избор и ние ќе го почитуваме“, вели тој. Овде негде треба да се каже дека Путин се обиде да биде самокритичен кон минатото на Советскиот Сојуз, нагласувајќи дека тој по Втората светска војна со сила им го наметнуваше својот модел на земјите од Источна Европа и тоа не се заврши добро. Сега истото го прават САД, поради што ги чека иста судбина, рече Путин. Што да се заклучи во една реченица, имајќи предвид некои погорни искажувања? САД не ни се непријатели, но ќе завршат како Советскиот Сојуз!. Јасно е дека Путин сака да се однесува како лидер на супер сила. Ако можат Американците да ги штитат своите интереси и граѓани далеку од границите на САД, зошто Русија тоа да не го прави со Русите кои живеат во странство, посебно во некогашните советски републики. Оттука и неговиот став дека Русија не сака да ја возродува империјата, туку сака да обезбеди достоен живот на руските луѓе надвор од руската држава врз основа на заемна соработка. А, ова како да се разбере? На постсоветското пространство живеат десетици милиони Руси во држави настанати од некогашниот Советски Сојуз. Украина е веќе во војна. Таму има околу 10 милиони Руси и рускојазично население. Во Казахстан станува збор за десетици проценти. Во Белорусија окол осум, а да не зборуваме за Естонија и Латвија каде што мнозинството Руси се чувствуваат како граѓани од втор ред. Дали зборовите на Путин за достоен живот на руските луѓе надвор од руската држава не се најава за нова, уште поагресивна или поблагоречено, понастојчива политика кон оние држави кои нема да ги почитуваат интересите на руското население во нив? Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе