19 Мај, 2024
0.0255

Дали Македонија е во должничко ропство?

Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на вкупниот јавен долг на 47 отсто од бруто-домашниот производ е показател дека финансиската состојба на државата е лоша, укажуваат економистите. Посочуваат дека Македонија го достигна највисокото ниво на задолженост досега. Според универзитетскиот професор Предраг Трпески, зголемувањето на јавниот долг ќе доведе до проблеми при сервисирањето на долговите, а во овој предизборен период задолжувањата ќе растат. -Јавниот долг е повеќе од половината на бруто-домашниот производ и според сите параметри и понатаму ќе расте. За земја како Македонија, ова е доста високо ново на јавен долг и неизбежно ќе доведе до проблеми при сервисирањето на долговите. Впрочем проблемите и сега се изразени. Не може да се ватат доспеаните обврски без нови задолжувања, пензиите и платите зависат од нови задолжувања.Финансиската состојба во која е државата е доста лоша. До одржувањето на изборите долгот ќе расте. Со постојната даночна структура неможе да се генерираат приходи на нивото на проектираните јавните расходи, вели универзитетскиот професор, Предраг Трпески. Академик Абдулменаф Беџети, вели дека зголемувањето на вкупниот јавен долг е поради засиленото темпо на задолжување на Владата, кое пак е повисоко од сумата што треба да се плати за долговите. Беџети порачува, гувернерот Димитар Богов да го преиспита лимитот на домашните банки за вложување пари во државни хартии од вредност.И Беџети очекува дека нивото на јавниот долг ќе го достигне пикот во овој предизборен период. -Задолжувањата се поголеми во споредба со враќањето на претходните долгови. Ако овој тренд продолжи, сигурно ќе дојде до надминување на лимитите кои ги имала земјата, но и оние според квалификациите на Светската банка и ММФ. Сега одиме на маргините на т.н високо ниво на јавниот долг. Мислам дека ова може да го ограничи само Централната банка. И гувернерот на Народната банка треба да ги разгледа уште еднаш лимитите до каде домашните банки можат да ги хранат амбициите на Владата за неограничено задолжување, затоа што тие пари од задолжувања не се за економски проекти, туку воглавно се насочуваат за потреби во политички циклуси, изјави за телевизијата Алсат-М, академик Абдулменаф Беџети. Дел од економистите посочуваат дека не се против задолжувањата но дека мора точно да се знае за што ќе се користат парите од задолжувањата. Универзитетскиот професор Сами Бислими смета дека нивото на вкупниот јавен е многу високо во однос на фискалниот капацитет. - Прашањето е за кои цели ги користиме средствата од задолжувањата? Кој капитален проект од значење е финансиран од овие средства (автопатишта, хидро или термоелектрани, гасни коридори, инвестиции во нова технологија, поддршка на реалниот сектор). Зголемувањето на јавната потрошувачка го поттикнува економскиот раст, но само еднократно. Доколку не се инвестира во зголемување на производните капацитети, зголемувањето на јавната потрошувачка го стимулира увозот. Фискалниот капацитет  на домашната економија е недоволен за сегашното ниво на јавната потрошувачка, фискалните приходи се недоволни за покривање на проектираните јавни расходи, уште помалку за покривање на доспеаните ануитети од претходните задолжувања. Затоа, очекувам дека и во иднина трендот на задолжување ќе продолжи да расте, дури и со поголем интензитет, од причина што секое намалуваее на задолжувањето ќе има негативно влијание врз стапката на економски раст,  ќе предизвика зголемување на буџетскиот дефицит, проблеми со ликвидноста.Ние не спаѓаме во групата на високо задолжена земја, но нашиот јавен долг е преголем во однос на нашиот фискален капацитет. Подрзжвам политика на задолжување но само  за финансирање на развојни проекти од кои ќе има повратни економски ефекти, вели универзитетскиот професор, Сами Бислими. Партиски препукувања- дали Македонија е во должничко ропство? Најновите податоци за јавниот долг беа причина за нови партиски препукувања помеѓу власта и опозицијата. Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов од редовите на СДСМ, изјави дека vо последните месеци од минатата година, Влада ги задолжувала граѓаните по 3 милиони евра дневно. -Ако продолжи ова темпо, имајќи во предвид  дека власта и во првите 2 – 3 недели од  Јануари  не задолжи за 40 милиони евра, некаде до средината на годината долгот ќе достигне над  50% од БДП. Тоа е веќе класично должничко ропство и Македонија ќе влезе во фаза на високо задолжена држава којашто нема да може понатаму да ги сервисира своите долгови, изјави Наумов. На изјавата на Наумов, возврати владејачката ВМРО ДПМНЕ. Оттаму изјавија дека Македонија останува една од најмалку задолжените држави во Европа според Еуростат. - За СДСМ е несфатливо како е можно во Македонија постојано да се работи, да се реализираат проекти од инфраструктурата, земјоделието, образованието, здравството, да се вложуваат стотици и стотици милиони евра, притоа да се враќаат долговите кои СДСМ им ги остави на граѓаните како свој единствен реализиран проект – и на крај Македонија сепак да биде меѓу најмалку задолжените земји на континентот, стои во писмената реакција од ВМРО ДПМНЕ. За три месеци вкупниот јавен долг порасна за 283 милиони евра Според најновите податоци од министерството за финансии, на крајот на минатата година вкупниот јавен долг изнесувал 4,2 милјарди евра, односно за три месеци пораснал за 283 милиони евра. Тоа значи дека во декември јавниот долг бил 47 отсто од БДП, што е за 3,1 отсто повеќе од септември кога бил 43,9 отсто од БДП.Најголемо зголемување има кај надворешните задолжувања, но пораст исто така е регистриран и кај домашното задолжување. Ако се направи споредба со претходните години, вкупниот јавен долг од 2007 до 2015 година е зголемен за 2,6 милјарди евра. Во најновата владина фискална стартегија се наведува дека до 2018-та година вкупниот јавен долг ќе достигне 5,6 милјарди евра или 52,4 отсто, што ќе биде резултат на нови задолжувања во висина од 2 милјарди евра. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат