18 Мај, 2024
0.0304

Дали Македонците купуваат природни елки за Нова година?

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Кај македонските граѓани има пораст на интересот за купување на природни елки кои го красат домот за Нова година, а потоа луѓето можат да ги засадат во дворот.

Од ЈП Национални шуми потврдуваат дека природните елки се доста барани.  Велат дека ако претходните години во сезона продавале по 100 до 120 елки, сега се продадени повеќе од 200. Овој тренд го оценуваат како позитивен. Оттаму додаваат дека цената зависи од возраста на самата садница, но и од височината, односно за 500 до 600 денари плус ДДВ, граѓаните можат да набават елка висока околу метар. Оценуваат дека цената е пристапна, а најголем број од елките се концентрирани во расадникот во Кавадарци. Природната елка има свои предности во однос на вештачката.

„Во асортиманот на расадниците на ЈП Национални шуми има Смрча (елки) и се врши продажба на физички и правни субјекти. Предноста за набавка на природни елки од нашите расадници е со тоа што се одгледани од сертифициран семенски материјал, одгледани  во контролирани услови, засадени на површина определена за школување на садници - да израснат до одредена големина поволна за транспорт и продажба. Садниците поседуваат Сертификат за здравствена состојба. Ваквите садници имаат правилно развиена крошна и коренов систем со што можат да се чуваат во контејнер извесен период, додека траат празниците за да се украсуваат и потоа да се засадат во почва, во своите градини, паркови и друго. Со текот на годините интересот сè повеќе расте за набавка на природни елки“, велат од ЈП Национални шуми.

Инаку, граѓаните сметаат дека елката придонесува за поубава празнична атмосфера во домот.

„Јас не користам никаква елка, но моите деца користат природни елки. Природно си е природно, но не знам дали тоа е на штета на шумите, додека вештачките ги склопуваме, ги сместуваме во кутии и следните години пак ги користиме“, вели Верица Спасиќ, граѓанка.

Друга жена смета дека природните елки се добри, затоа што граѓаните по празникот можат да ги засадат и да дадат свој придонес за зачувување на околината.

„Природната би била подобра. Ќе ја засадите некаде и ништо не губите, напротив тоа е корисно“, додава друга граѓанка.

Елките се сметаат за одлични прочистувачи на воздухот, а воедно и ја намалуваат бучавата. Ги нарекуваат и „филтер во природата“. За елките се советува дека не треба да стојат покрај радијатор, треба да се наводнуваат умерено (двапати неделно по малку) и да се чуваат во затворено најмногу 10 дена. По празниците се препорачува да се засадат надвор.

„Ако елката 10 дена била во една просторија, која е потопла, сите имаме простории во домот каде е постудено и добро е таму да остане уште десетина дена, да се направи една аклиматизација, по што ќе се засади. Во однос на почвата, важно е да не биде глинеста. Ако ја споредиме до другите дрвја, елката врши помала фотосинтеза, но таа е континуирана и овој вид на дрво е корисно за апсорпција на звуци, прашина“, објаснува биологот Нестор Јаулески.

Природните елки често ги користат за украсување и кај северниот сосед. Податок објавен претходните години, покажува дека за време на празниците во соседна Србија се продаваат од 3.000 до 4.000 елки кои наменски се произведуваат.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/prostooleh

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8