Дали климатските промени ќе доведат до поскапување на кафето?
Објавено во: Економија 30 Август, 2016
Климатските промени негативно ќе влијаат на индустријата за производство на кафе.
Австралиски извештај предвидува дека до 2050 година плантажите со кафе ќе се намалат.
Со тоа ќе бидат погодени 120 милиони луѓе кои живеат од индустријата со кафе, а се работи за едни од најсиромашните земји.
Големите суши и обилни дождови ќе доведат до тоа површините со кафе да се намалат, а цените да се зголемат.
Веќе има последици од климатските промени во Мексико, Гватемала и Никарагва.
Кафе индустријата вреди 19 милијарди долари. Повеќе од 2,25 милијарди кафиња се пијат дневно во светот.