26 Април, 2024
0.0274

Дали фриленсерите се отпорни на корона кризата?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Во време на пандемија дел од фриленсерите беа погодени од корона кризата, но некои профитираа од  оваа состојба.

Зоран Кочоски од Коузон, компанија која долги години посредува при вработување вели дека најпогодени беа преведувачите, а најмалку погодени беа оние кои работат во ИТ секторот.

„За ИТ секторот немаше турбуленции во 2020 која беше година на пандемија. Но, погодени беа преведувачите поради немање на нови проекти. Во Македонија има 4 групи на фриленсери, оние од ИТ секторот, преведувачи, истражување на пазарот на труд и човечки ресурси“, објасни Кочоски.

Но, тој додава дека имало и сектори кои доживеале раст и имале зголемен обем на работа во време на пандемија. Македонските фриленсери со со различни искуства.

„Мене оваа криза не ме погоди многу бидејќи бев фокусирана на работата со цело работно време периодов, секако бидејќи некои проекти се завршија баш кога почна кризата со пандемијата. Потоа самата си дадоа пауза и ми дојде како одмор, да не почнувам со клиенти кои не ги знам и со кои можам да си направам проблеми, околу плаќање, работа и слично. Мислам дека некои компании и фриленсери ги погоди кризата, посебно оние кои беа во контакт со производство и некои специфични работи каде директно „удри“ пандемијата. Но, кај некои им се зголеми побарувачката и обемот на работа бидејќи многу од брендовите имаа шанса да се насочат онлајн, дигитално и искористија многу!“, вели Росана Стаменкова, фриленсер.

Друг програмер објаснува дека пандемијата е добра за фриленс работа.

„Многу повеќе се отворени фирмите да вработат некој од странство, со оглед што и тимот таму работи од дома. Друго многу индивиуи кои имаа помали проекти и бизнис идеи што сакале подолго време да ги испробаат, во пандемијата најдоја време и ги огласија проектите. Имаше мејл од upwork баш за ова и објаснуваа дека има голем процент, односно раст има на бројот на објавени проекти“, додава нашиот соговорник.

На секои 1.000 жители во Македонија ќе пронајдете 3,41 фриленсер. Во оваа статистика Македонија заостанува единствено зад Србија која има 3,52 фриленсери на 1.000 жители. Податоците за бројот на фриленсери ги објави Analytics Help, врз база на јавно достапни податоци.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката