Дали е потребна државна социјална пензија во Македонија?
Објавено во: Финансии 30 Јануари, 2018
Во Македонија од 2020 година сите жени со наполнети 62 години и сите мажи со наполнети 64 години, кои не ги исполнуваат условите за старосна пензија и кои во последните 20 години живееле во државава, ќе добиваат државна социјална пензија.
Според програмата која ја промовира владеачката партија, државната пензија на почетокот ќе изнесува 40 отсто од просечната старосна пензија.
Со програмата на Владата, освен, државна социјална пензија, се предвидува и усогласување на пензијата два пати годишно, а се воведува и можност за предвремено пензионирање до максимално пет години пред остварување на правото на пензија со пропорционално намалување на надоместокот за пензија.
Во земјава, право на пензија остваруваат околу 302 000 пензионери а просечната пензија изнесува околу 213 евра.
Што мислите вие за овој предлог? Дали е потребна социјална пензија во државата?