02 Мај, 2024
0.0285

ДАЛИ Е МОЖНО: Живеачката во Македонија поевтинила изминатава година!

Објавено во: Економија 07 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Поскапувањата на струјата, бензините, лебот, цигарите – што се случија изминатиот период директно ќе удар врз стандардот на граѓаните. Веќе е извесно дека трошоците за живот ќе се зголемат, а Сојузот на синдикати на Македонија, кој единствено пресметува колку треба да изнесува потрошувачката кошничка на едно четиричлено семејство во земјава кое не поседува автомобил, доправа ќе треба да ги вкалулира и новите повисоки цени. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, во мај годинава, на едно четиричлено семејство кое не поседува автомобил, му биле потребни 32.133 денари за да го преживее месецот. Или дури 373 денари помалку за разлика од мај 2013 година кога на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.506 денари за да го преживее месецот. Според ССМ, трошоците за живот на едно четиричлено семејство кое не поседува автомобил,  во мај годинава поевтиниле во споредба со мај минатата година. „За исхрана и пијалоци, во мај годинава биле потребни 13.567 денари, а додека во мај лани биле потребни 13.852 денари. Или за една година трошоците за исхрана и пијалоци се намалени за 285 денари. Годинава во мај, за домување е пресметано дека се потребни - 10.222 денари, додека пак ланио во мај биле неопходни 10.379 денари. Или домувањето за една година поевтинило за 157 денари. За  хигиена ССМ пресметале дека во мај опваа година се потребни 2.188 денари, а минатата година 2. 212 денари. И лани и годинава во мај за превоз биле потребни 2.339 денари, а заоблека и обувки во мај лани биле пресметани дека се потребни 2.082 денари додека во мај лани 2.046 денари. И лани и оваа година во мај биле за култура биле неопходни 1.070 денари. Додека пак годинава во мај за одржување на здравје биле потебни 662 денари, што пак е поскапо во однос на лани истиот месец за 58 денари, односно тогаш биле потребни 604 денари. “ Сојузот на синдикати на Македонија, доправа ќе пресметува колкава ќе треба да биде потрошувачката кошничка за четиричлено семејство кое не псоедува автомобил , по бранот поскапувања што ја зафатија земјава. Додека цените растат – расте и неедкавоста меѓу богатите и сиромшаните Неодамна пак, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика беше евидентирано дека се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните. Нееднаквоста во Македонија е растечка, затоа што со тековната поставеност на политиките, растот не есиромашните, односно истиот главно го консумираат повисоките слоеви на доходовната скала, за што главно влијаат две политики, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. „Прво политиката на регресивни придонеси и рамен данок. Имено, пониско платените работни места се повеќе оптоварени со придонеси (во релативна смисла) од повисокоплатените работни места (придонесите за нископлатени работни места се пресметуваат на половина од просечкната плата, а не на вистинската плата). Второ, тоа е политиката на странските директни инвестиции, кои се фоксуираат на високотехнолошки сектори, кои не може да ги привлечат најсиромашните, кои воедно се и пониско образовани лица, од причина што овие фабрики бараат повисоки вештини. Наместо тоа, ние требаше повеќе (во оваа фаза од развојот) да се фокусираме на привлекување фабрики кои побрзо и полесно ќе отвора работни места со понизок степен на специјализација (прехранбени, конзервни, млечни индустрии...), вели Петрески. Тој потенцира дека доколку не се случи позначајна корекција на овие политики, нееднаквоста уште повеќе ќе се продлабочува и ќе бидеме сведоци на растење на економијата придружено со бавно или никакво намалување на сиромаштијата. Податоците на Државниот завод за статистика во земјава покажуваат дека лани,  најсиромашните десет проценти од населението живееле со 1.173 евра во текот на целата година, додека пак најбогатите десет проценти од населението во земјава на располагање имале на располагање 14 380 евра во текот на целата година. Тоа значи дека најсиромашните десет проценти од населението месецот го минувале со 98 евра, додека пак најбогатите десет проценти од населението месецот го минувале со близу 1.200 евра. Односно, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, најбогатите десет проценти од населението во земјава располага со богатство колку што поседуваат 50% од најсиромашните во земјава.  

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?