19 Мај, 2024
0.0391

Дали до Божиќ цената на нафтата ќе експлодира?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Нафтата може да чини 90 долари за барел до Божиќ и да повеќе од 100 долари на почетокот на 2019 година. 

Трговците на нафта во компанијата  Trafigura и Mercury излегоа со ваква прогноза. 

Ова е можно затоа што ситуацијата на пазарите ќе биде напната кога САД во ноември во потполност ќе воведе санкции против Иран.

Од Mercury предупредуваат дека дури 2,0 милиони барели на ден може да бидат тргнати од пазарот.

Американските санкции против Иран би можеле да доведат до пад на понудата за 1,5 милиони барели дневно. 

Податоците за движењето на танкери со нафта и производството на нафта покажуваат дека извозот на нафта на Иран почна да опаѓа пред воведувањето санкции против иранскиот сектор на нафта од страна на САД.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), во која доминираат земјите од Блискиот Исток и Русија, водечки производител надвор од ОПЕК, разговарале за зголемување на производството за да се надомести прекинот од испораките од Иран, иако уште не најавија каква било одлука. Лидерот на ОПЕК, Саудиска Арабија, и нејзиниот најголем сојузник во производството Русија, во неделата отфрлија било какво „инстант” зголемување на производството, практично се одбива апелот на претседателот на САД, Доналд Трамп за да се преземе акција како би се “изладил” пазарот.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак, изјави дека нема потреба да се зголеми производството. Новак смета дека трговската војна меѓу Кина и САД, како и санкциите на САД против Иран, се нови предизвици за нафтениот пазар.

Цените на нафтата скокнаа вчера за два отсто затоа што американските санкции го ограничија иранскиот извоз на оваа суровина, нагризувајќи ја глобалната понуда.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници