ДАЛЕ ОТКАЗ И ПОЧНАЛЕ СВОЈ БИЗНИС: Денес прават пари
Објавено во: Финансии 19 Декември, 2017
Брачниот пар Василије и Данка Четковиќ, фармацевт и економист дале отказ и почнале бизнис со онлајн продажба на производи кои ги нема во маркетите.
Долги години работеле во големи претпријатија, а потоа одлучиле да отворат виртуелни продавници.
Тие продавале прехрамбени производи кои не можат да се најдат во продавници и маркети во Србија.
„Сакав да создадам нешто поинакво, модерно, но со печат на традицијата во себе. Сопругата и јас дојдовме на оваа идеја затоа што ја сакаме храната, но и поради желбата на Србија и светот да им ги понудиме автентичните производи“- вели Василије.
Неговата сопруга вели дека почетокот бил тежок, но на крајот упорноста се исплатила.
Продаваат тестенини, ајвар, слатко, џем, сирења.
Засега на купувачите им нудат 350 производи и планираат на оваа бројка да застанат.