Дачиќ вели дека Голема Албанија е закана за мирот на Балканот
Објавено во: Балкан 19 Април, 2017
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама за можна унија меѓу Албанија и Косово го потврдува тоа дека формирањето на Голема Албанија е заедничка платформа за сите етнички Албанци.
Дачиќ додава дека ова е најголема закана за стабилноста и мирот на Балканот и во Европа, пренесе Танјуг.
Рама изјави за време на интервју за западни медиуми дека Унијата меѓу Албанија и Косово не е исклучена, ако избледи можноста за членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан.
Сепак, Рама верува дека на сите на Балканот ЕУ треба да им биде цел. Тој вели дека Европа ќе доживее кошмар ако Балканот „полуди“ поради тоа што проширувањето на Унијата би можело да биде укинато од дневен ред.