16 Мај, 2024
0.0296

Дачиќ ја мерка претседателската функција на Србија

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ јавно ги откри амбициите за претседателската функција, секако доколку премиерот Александар Вучиќ реши да не се кандидира на претстојните претседателски избори, пренесе ТАСС.

Ивица Дачиќ, кој е лидер на Социјалистичката партија, го повика премиерот Вучиќ, лидер на Српската напредна партија, да донесе „рационална“ одлука за претседателски кандидат од редовите на владејачката коалиција кој ќе биде во можност да победи уште во првиот круг на изборите.

Со оглед на тоа дека сепак, според сите прогнози и анкети, во првиот круг може да победи само Вучиќ, Дачиќ повика да се објави токму неговата кандидатура и категорично изјави дека ќе го поддржи.

Ако сепак премиерот се откаже од борбата за претседателската функција, Дачиќ нема да ја поддржи кандидатурата на актуелниот претседател Томислав Николиќ или на некој друг од владејачката коалиција, туку самиот ќе се бори за функцијата шеф на државата.

- Тогаш ќе видиме кој кого ќе поддржи во вториот круг, рече Дачиќ.

Претседателските избори во Србија треба да се спроведат оваа пролет, но точниот датум се уште не е одреден.

Меѓу потенцијалните кандидати за шеф на државата се споменуваат Томислав Николиќ, кој има право на втор мандат, лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ и поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.

Според српскиот устав претседателот се избира за период од пет години и не може да ја врши функцијата повеќе од двапати.


Можеби ќе ве интересира

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати