18 Мај, 2024
0.0290

„Дачија“ го спаси „Рено“ од катастрофа

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Францускиот производител на автомобили „Рено“ забележа раст на продажбата на европскиот пазар и имаше успешна деловна 2013-та година, но само благодарение на марката „Дачија“.

Компанијата „Рено“, во чиј состав се наоѓа и романскиот производител „Дачија“, 2013-та година ја заврши со раст на продажбата во Европа од четири отсто. Но, без резултатите од романската филијала, „Рено“ лани ќе прокнижеше пад на продажбата на европскиот пазар од 1,5 отсто и покрај  лансирањата на новата генерација на моделот „Клио“ и новото урбано СУВ возило „Каптур“.

„Дачија“ која, исто така, ги обнови моделите „Логан“ и „Сандеро“ и го рестилизираше теренецот „Дастер“, забележа огромен раст на испораките на територијата на Европа од дури 22,8 отсто, во споредба со 2012-та година. Сите автомобилски производители во Европа имаа тешка 2013-та година. Едвај 11,8 милиони нови автомобили биле купени во земјите од Европската унија минатата година, што е најмалку од 1995 година. Продажбата на автомобили во 2013-та опаднала за 1,7 отсто во однос на 2012-та, или дури 26 отсто во однос на 2007 година, кога кризата изби во европскиот пазар, покажаа вчера податоците на Асоцијацијата на европските производители на автомобили (АЦЕА). Единствено во Велика Британија продажбата на нови автомобили е зголемена за 10,3 отсто, но затоа пак во Италија и Франција е забележано намалување на нарачките за 7,1 отсто односно 5,7 отсто. Во Германија намалувањето е за 4,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата